Сфатете го животот како видео-игра. Кога ќе се смени нивото, мора да се прилагодите
Секој одвреме-навреме ја губи волјата и мотивацијата. Сите имаме денови кога сме нервозни, ништо не ни оди од рака и се чувствуваме изгубено.
Овие неколку мисли ќе ви помогнат да се вратите на патот на кој треба да чекорите.
Навратете се на нив секогаш кога мислите дека сте застраниле од тој пат и ви треба малку мотив за да продолжите.
1. Широката перспектива најчесто доаѓа кога не сте во средина на проблемот или ситуацијата. Градот најјасно се гледа од врвот на планината.
2. Најдобрите врски и односи се како квалитетно вино: стануваат подобри со текот на годините.
3. Верувајте му на својот инстинкт. Обрнете внимание секогаш кога ќе почувствувате нешто од внатре. Вашето тело знае повеќе од вас кога нешто е правилно или погрешно.
4. Мора да знаете за што живеете. Ако имате доволно силно ЗОШТО, КАКО ќе дојде многу полесно. Така секогаш ќе го пронајдете вистинскиот начин.
5. Сфатете го животот како видео-игра. Кога ќе се смени нивото, мора да се прилагодите.
6. Сé е до ставот. Останатото е до тајмингот.
7. Развијте „детектор за глупости“. Тоа е најкорисната технологија во која вреди да инвестирате.
8. Патувањата прават животот да изгледа подолг. Секое искуство на ново, непознато место е многу поинтересно и подолго се памти од искуството на познато место.
9. Ограничете ги материјалните работи. Колку повеќе работи поседувате, толку повеќе тие ве поседуваат вас.
10. Работете напорно, но секогаш најдете време да си играте.
М. В. | Црнобело