Зошто венчаниците се бели? Приказната позади 6 чести свадбени традиции

Дали понекогаш сте се запрашеле кое е значењето на сите традиции кои ги имаат венчавките? На пример, зошто таткото ја носи невестата до олтарот и ја предава на нејзиниот сопруг или од каде потекнува традицијата со прстените.

prikaznata-pozadi-6-cesti-svadbeni-tradicii-001.jpg

Во сезоната на најмногу венчавки дознајте кои се причините позади овие 6 венчални традиции:

1. Зошто носиме прстени?

Дали знаевте дека венчалните прстени потеккнуваат од Антички Египет? Симболизмот на прстен се менувал од период на период. Во Египет, кружната форма на прстенот претставувала вечност. Кога мажите и давале прстен на жената тие се заколнувале на вечна љубов кон неа.

Подоцна традицијата ја прифатиле и католиците во Рим, кои ги користеле прстените како еден начин да си ја осигураат идната невеста, и прстенот симболизирал љубов.

Порано, луѓето верувале дека постои вена на нашата лева дланка што е директно поврзано со срцето, затоа и на тој прст до ден денес се носи венчалниот прстен.

2. Зошто невестите носат бел фустан?

Верувале или белите невестински фустани се всушност новитет. Пред 19 век, невестите носеле многу различни бои а најмногу црвена затоа што тоа била бојата на плодноста.

По 19 век се појавила песна која гласела вака:

“Ако се омажиш во бело, си го избрала правиот.
Ако се омажиш во сиво, ќе се преселиш далеку.
Ако се омажиш во црно, ќе посакаш да се вратиш дома.
Ако се омажиш во црвено, ќе посакаш да умреш.
Ако се омажиш во зелено, ќе ти биде срам да те видат.
Ако се омажиш во сино, засекогаш ќе останеш верна.
Ако се омажиш во бисерна боја, животот ќе ти биде лавиринт.
Ако се омажиш во жолто, ќе ти биде срам од твојот партнер.
Ако се омажиш во кафеава, ќе живееш во градот.
Ако се омажиш во розево, ќе ти се уништи духот.”

Прва, која ја прекршила разнобојната традиција била кралицата Викторија во 1840 година со тоа што носела бел невестински фустан на нејзината свадба со Принц Алберт. Таа почнала нов тренд кој за брзо се проширил низ Европа па после и во Америка. Денес се верува дека невестите носат бело затоа што белата боја е боја на девственоста и чистотата.

3. Зошто таткото ја носи ќерката до олтарот?

Историски, таткото е „сопственик” на ќерката се додека не ја предаде на нејзиниот сопруг кој би бил нејзин нареден сопственик. Воопшто не звучи романтично, но во минатото повеќето бракови биле договорени за замена на пари, услуги или добра. На пример, сопругот давал на таткото на невестата нешто за компензација што ќе му ја даде својата ќерка.

4. Зошто имаме деверуши на свадбите?

Всушност многу одамна римјаните верувале во лоши духови. Биле доста суеверни и исплашени од духови. Затоа на денот на свадбата, многу блиски пријатели на младоженцте се облекувале слично како невестата и зетот за да ги збунат духовите кои сакаат да им направат некоја лоша магија.

5. Зошто невестите носат вел?

Една од причините зошто невестите носат вел е за да им тежи и да неможат да избегаат. Исто така, кога сопругот ќе го тргне велот од лицето на неговата сопруга, тоа симболизира дека тој ја зема нејзината девственост.

pricinata-pozadi-6-vencalni-tradicii-2

6. Зошто јадеме торта на свадбата?

Свадбената торта постои уште од средниот век. Сепак, порано наместо торта луѓето јаделе леб. Најпрвин младоженецот земал парче леб и откако тој ќе го изеде остатокот го кршел од главата на невестата со цел да симболизира плодност или кршење на хименот.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg