11 инспиративни цитати за животот од ѕвездите

Живееме во свет кога медиумите се преплавени со сензационализам, па не е ниту чудно што најконтроверзните изјави на ѕвездите добиваат најмногу внимание.

10-inspirativni-citati-za-zivotot-od-holivudskite-dzvezdi-01

Сепак, за среќа мудрите зборови кажани од срце опстануваат многу подолго.

Овие цитати од познатите ќе ви го вратат балансот, довербата и позитивноста и ќе направат да погледнете на нив со други очи. Никогаш не се знае, можеби токму цитатот од Алиша Кис или Кејт Бланшет ќе заврши закачен на вашиот фрижидер како мото на денот.

Без разлика што се случува во животот, бидете добри со луѓето. Да се биде добар со луѓето е прекрасно наследство за да оставите зад себе. - Тејлор Свифт

Никогаш не е предоцна – никогаш не е предоцна за да почнете одново, никогаш не е предоцна за да бидете среќни. - Џејн Фонда

Ако знаете дека ќе паднете, тогаш паднете славно. - Кејт Бланшет

Не знам кој е мојот пат сè уште. Јас само одам по него. – Оливија Њутн Џон

Научив дека е важно да не се ограничувате себеси. Можете да сторите сè што навистина сакате, без разлика што е тоа. - Рајан Гослинг

Нормалното не е ништо повеќе од циклус на машина за перење алишта. - Вупи Голдберг

Не треба да изгледате како сите други. Сакајте го тоа што сте. - Леа Мишел

Мислам дека ако живеете во црно-бел свет ќе страдате многу. - Бредли Купер

Никогаш не се срамете од тоа што го чувствувате. Имате право да ја чувствувате секоја емоција што сакате и да го правите тоа што ве прави среќни. - Деми Ловато

Никој нема да се грижи за вас ако вие не се грижите за себе. - Алиша Кис

Да се биде храбар значи да се сака некој безусловно, без очекување нешто за возврат. Само да давате. За тоа е потребна храброст затоа што ние не сакаме да паднеме на лицето или да бидеме отворени за некој да не повреди. -  Мадона

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Татко е на 5 деца, работел како модел - Се сеќавате ли на згодниот доктор Алекс Карев од Grey’s Anat... Кога ја доби улогата на Алекс Карев во хит серијата Grey’s Anatomy, актерот Џаст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg