Доколку не ве почитуваат додека стојат пред вас, замислете што ви прават зад грб
Никогаш доста од токсични луѓе кои се вртат околу нас. Ги имало и ќе ги има. Се чини дека се појавиле со настанокот на светот и ќе опстојуваат до неговиот крај.
Не можете да ги избришете или уништите, но можете да се дистанцирате и да ги игнорирате. Тоа е посебна вештина за која ќе ви треба време и тгрпение. Но, може да ја совладате.
Прочитајте ги цитатите кои се надеваме дека ќе ви влеат доволно енергија конечно да се ослободите од токсичните емоционални крвопијци:
1. Заштитете ја вашата кожа од корозивните киселини кои излегуваат од устите на токсичните луѓе. Некој кој озборувал друга личност пред тебе, многу веројатно е дека ќе те озборува подоцна и тебе пред друг човек.
2. Не може да очекувате да имате среќен и позитивен живот доколку сте опкружени со негативни луѓе.
3. Некои луѓе негодуваат затоа што розите имале трње, јас сум благодарен што трњата имаат рози.
4. Престанете да им дозволувате на луѓето кои не ви значат ништо да ги контролираат вашиот ум, чувства и емоции.
5. Доколку не ве почитуваат додека стојат пред вас, замислете што ви прават позади грб.
6. Не дозволувајте луѓето да ве вовлечат во нивните бури. Повлечете ги вие во вашиот мир.
7. Луѓето кои емитуваат негативност обично имаат ниска самодоверба. Не се чувствуваат добро во врска со себе и негативноста е само одраз на тие чувства.
8. Постои мала разлика меѓу луѓето која пак прави ГОЛЕМА разлика. Малата разлика е ставот. Големата разлика е дали тој е позитивен или негативен.
9. Не кажувај негативни коментари и не шири злобни гласини за други луѓе. Тоа повеќе зборува за тебе, отколку за нив.
10. Драмата им е кислород на негативните луѓе. Остани позитивен, ќе им го земеш здивот.
11. Постојат два типа на луѓе кои ќе ти кажат дека не можеш да направиш никаква разлика: оние кои се плашат да ризикуваат самите и оние кои се плашат дека ќе успееш.
12. Без разлика колку си добар или успешен секогаш ќе има некој што ќе коментира негативно во врска со твојот успех. Издигни се над нив, не дозволувај да те засенат.
13. Не им дозволувај на негативните токсични луѓе да бидат потстанари во твојот ум. Зголеми ја киријата и избркај ги.
(О)Милена | Црнобело