Среќата е како сонце, кога е најубава, заоѓа - Цитати на Иван Цанкар
Авторот на можеби најпознатата „Слугата Јернеј и неговото право“ е еден од најплодните словенечки писатели. Иван Цанкар бил воедно и поет, раскажувач, драматург и издавач.
Се смета за еден од оние автори кои ги всадиле корените на модернизмот во словенечката книжевност. Во неговата матична Словенија го споредувале со Франц Кафка и Џејмс Џојс.
Цанкар во своите дела љубел да го разоткрие лицето на неправдата и хипокритието на малограѓанската средина. Пред сé останато, тој цврсто верувал и се борел за правата на обичниот човек.
Неговите цитати се вистинско мајсторство на куси, јасни и умни мисли. Прочитајте што имал да каже Цанкар за луѓето, лагите и среќата:
1. Човекот мора да биде сам за да запознае други луѓе.
2. И на пријателите треба да им се каже вистината в лице.
3. Човекот сонува толку сјајна светлина, онолку колку што е мрачна ноќта околу него и неговото срце.
4. Искусната жена може да го види она што за мажите е секогаш мистерија.
5. Лагата не убива како тојагата, но се провлекува низ крвните жили како отров, полека и внимателно, па не се забележува кога делува.
6. Убава му е ноќта на човекот кога знае дека денот ќе осамне.
7. Нема поубава надеж од онаа која никнува од тага и нема поубави соништа од оние кои ги раѓа болката.
8. Човекот го става својот потпис на секој предмет кој ќе го допре.
9. Среќата е како сонце. Кога е најубава, заоѓа.
10. Што дрдорите! Народот ќе си пресуди сам на себе, пресудата нема да му ја напише ниту фрак ниту мантија.
11. Повеќе горчина и страдање се кријат во еден единствен работен час, отколку во целиот живот на едно животинче.
12. Знаете ли зошто песот му е верен на својот господар? – Бидејќи навикнал на неговиот ќотек.
(О)Милена | Црнобело