Некои луѓе повеќе се радуваат на туѓата несреќа, отколку на сопствената среќа
Авторот на комедиите „Сомнително лице“, „Народен пратеник“, „Госпоѓа министерка“, „Белград некогаш и сега“ - Бранислав Нушиќ е еден од најпознатите српски критичари и сатиричари, а работел и како новинар и дипломат.
Студирал право, започнал да пишува под псевдоним, а најмногу од сè го привлекувала драмската уметност. Имал изострено око и отворен ум за сите негативни работи и неправди во општествено-политичкиот режим, а неговото оружје за напад била поезијата и прозата.
Одлежал една година затвор во Пожаревац поради сатиричната песна „Два раба“, а парадоксално веднаш по одлежувањето на казната бил испратен на дипломатска мисија од истите оние луѓе кои го осудиле.
Нушиќ бил битолски конзул каде што и се оженил во 1893 година, а во 1913 година со основал театарот во Скопје. Животниот пат го однел и во Италија, Швајцарија и Франција, а по завршувањето на Првата Светска Војна се вратил во Белград каде што работел во Министерството за просвета.
Бранислав Нушиќ бил неверојатно плоден и талентиран писател. Неговите цитати за љубовта, бракот и животот се слатко-горчливи, смешни и тажни, поетични и сатирични.
Погледнете некоја од неговите драми во театар кога ќе имате време, а дотогаш прочитајте ги неговите најпознати цитати:
1. „Знаењето има граница, додека незнаењето нема.“
2. „Бракот го сочинуваат три работи: љубов, доверба и трпение.“
3. „Првата љубов е опасна само кога е последна. Втората љубов е всушност прва.“
4. „Полесно е да се биде министер, отколку бербер. Берберот, прво, мора да знае да бричи, а второ, мора да внимава да не исече некого. Министерот не мора да знае да бричи ниту пак мора да пази да не исече некого, бидејќи дури и да исече некого нема да е виновен.“
5. „Постојат луѓе кои повеќе се радуваат на туѓата несреќа, отколку на сопствената среќа.“
6. „Слободата е честопати само израз, а тиранијата е секогаш вистина.“
7. „За да може човекот да се исправи во животот, потребно е прво да ползи.“
8. „Народско воодушевување, тоа е кога толпата вика, а не знае зошто се дере.“
9. „Во театарот прво се подигнува завесата, па се одигрува претставата. Во животот е обратно: прво се одигрува драмата па тогаш се крева завесата.“
10. „Бракот е договор според кој човекот еднаш во животот ќе каже Да и ја презема обврската да го повторува тоа до крајот на животот.“
11. „Првиот бакнеж му доаѓа некако како полуматура, после него детето оди во средно училиште каде што ја учи посложената математика на љубовта со сите познати и непознати равенки.“
12. „Омразата на сите оние кои се злобни не е толку опасна колку нивното пријателство.“
13. „Кога љуби вторпат, човекот се чувствува како повторувач. Ги познава сите предмети, а сепак не е уверен дека ќе го положи испитот.“
14. „Бракот е како препорачано писмо, вообичаено адресирано на погрешна адреса и интересно е само додека е затворено.“
15. „Можно е поради здолниште да прескокнете ограда, ама во никој случај не можете да го направите тоа во здолниште.“
(О)Милена | Црнобело