11-те најмоќни цитати кажани од најсилните жени во 2016-та

2016-та година беше година кога дамите ја покажаа својата моќ во полн ек и докажаа дека светот можеме да го промениме, ако сме доволно упорни и мотивирани.

11te-najmokjni-citati-kazani-od-najsilnite-zeni-vo-2016ta-01.jpg

Некои од тие дами оставија зад себе и цитати кои долго ќе се паметат.

Пример:

1. „Знам дека сè уште не сме стигнале до највисокиот и најтежок лустер, но еден ден, некој ќе успее - со надеж порано отколку што мислиме моментално. И до сите мали девојчиња кои го гледаат ова, никогаш не се сомневајте во тоа колку сте вредни и моќни и колку ја заслужувате секоја можност во светот да ги следите и остварите сопствените соништа“ - Хилари Клинтон

11te-najmokjni-citati-kazani-od-najsilnite-zeni-vo-2016ta-1.jpg

2. „Моето, и на мојот сопруг, мото е кога некој се однесува сурово или кога некој злоупотребува не треба да се спуштите на нивно ниво. Не, нашето мото е кога некој се симнува толку ниско, ние се искачуваме толку повисоко.“ - Мишел Обама

11te-najmokjni-citati-kazani-od-najsilnite-zeni-vo-2016ta-2.jpg

3. „Ако сте скршени, тоа не значи дека треба да останете скршени“ - Селена Гомез

11te-najmokjni-citati-kazani-od-najsilnite-zeni-vo-2016ta-3.jpg

4. „Она што е важно е да станеме исправени и да ги направиме нашите гласови толку гласни што никој нема да има шанса да нè игнорира“ - Шејлин Вудли

11te-najmokjni-citati-kazani-od-najsilnite-zeni-vo-2016ta-4.jpg

5. „Ние сме комплетни со или без партнер, со или без дете. Ние одлучуваме што нè прави убави кога станува збор за нашиот изглед. Сите одлуки се наши и ничии други.“ - Џенифер Анистон

11te-najmokjni-citati-kazani-od-najsilnite-zeni-vo-2016ta-5.jpg

6. „Жените долго време биле потчинети на мажите и сè уште веруваат во тоа што мажите ќе го кажат за нив. Како жени, мораме да почнеме да ја цениме сопствената вредност и онаа на другите жени околу нас.“ - Мадона

11te-najmokjni-citati-kazani-od-najsilnite-zeni-vo-2016ta-6.jpg

7. „Немате слабост, ако се борите против ментална болест, имате само потежок живот во сопствениот мозок отколку другите.“ - Кристен Бел

11te-najmokjni-citati-kazani-od-najsilnite-zeni-vo-2016ta-7.jpg

8. „Имаме шанса да бидеме пример каде секоја девојка кога ќе погледне во билборд или списание може да ја види сопствената рефлексија. Имаме моќ да ја смениме перцепцијата, да инспирираме и дадеме моќ, да им покажеме на луѓето како да ги прифатат сопствените комплицирани делови, своите маани и вистинската убавина која лежи во сите нас“ - Бијонсе

11te-najmokjni-citati-kazani-od-najsilnite-zeni-vo-2016ta-8.jpg

9. „Мислам дека најголема привилегија која ја имаме во животот е да бидеме она што навистина сме. Јас тоа успеав да го направам сега на 51 година.“ - Виола Дејвис

11te-najmokjni-citati-kazani-od-najsilnite-zeni-vo-2016ta-9.jpg

10. „Најлошата работа која можеме да ја направиме како жени е да не се поддржуваме една со друга, а тоа е нешто што мораме да го практикуваме секој ден, без разлика на тоа што правиме.“ - Амал Клуни

11te-najmokjni-citati-kazani-od-najsilnite-zeni-vo-2016ta-10.jpg

11. „Мислам дека најевтиниот и најдобар лек во светот се зборовите. Добрите зборови... Позитивните зборови... Зборовите кои им помагаат на луѓето кои се срамат од невидлива болест или кои не се чувствуваат слободни“ - Лејди Гага

11te-najmokjni-citati-kazani-od-najsilnite-zeni-vo-2016ta-11.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg