Луѓето се почитуваат со зборови, а се сакаат со молчење - 20 цитати на Мика Антиќ

Во едно обраќање кон најмладата публика, српскиот писател, поет, драматург, режисер и новинар Мирослав Мика Антиќ изјавил: „Моите песни не се песни, туку писма за секој од вас. Тие не се состојат од зборови, туку се во вас, а зборовите се употребуваат само како клучеви, за да се отклучат врата зад која некоја поезија - веќе доживеана, веќе завршена, веќе многу пати кажана, чека затворена некој да ја ослободи“.

Zabite-ke-te-griznat-za-moment-a-usnite-za-cel-zivot-citati-na-Mika-Antic-01.jpg

Ретко кој толку добро ја разбирал човековата душа и успеал да ја сецира толку длабоко и нежно откривајќи ги најфините и најгрубите елементи на човековата психологија.

Мика Антиќ е роден во 1932 година во Мокрин, а го завршил својот живот во Нови Сад во 1986 година. Бил морнар, работел во куклен театар, се занимавал со новинарство, филм, сликарство.

Мултиталентиран и со неверојатни мисли за животот, луѓето и љубовта, тој кажал дека многу писатели извршиле влијание врз неговата работа, но малкумина се оние кои му останале добри и вечни пријатели. Антиќ изјавил дека никогаш не се разочарал од авторот на „Малиот принц“ – Сент Егзипери.

Слично како и Егзипери, така и Мика постојано зборува за малите работи, ситниците кои возрасните луѓе ги забораваат или престануваат да ги забележуваат, само поради тоа што се преоптоварени со секојдневните животни тегоби.

Негувајте го детето во вас, а кога веќе еднаш ќе пораснете – однесувајте се како да сте цела една вселена, а не само нејзино делче, токму онака како што рекол големиот Мика Антиќ.

Ова се неговите 20 најубави цитати за љубовта, вечноста, луѓето и животот:

 1. Својата сила ќе ја препознаеш според тоа колку си во состојба да ја издржиш самотијата.

 2. Луѓето се почитуваат со зборови, а се сакаат со молчење.

 3. Потпри го твоето време на моето, така вечноста ќе трае подолго.

 4. Не верувај кога ќе ти кажат дека секој твој момент не е чудесен, ниту вистински. Секој момент е вистински, само што во некои има лажни луѓе.

 5. Госпоѓо, јас сум неизлечиво вљубен во вас! Го чувствувам вкусот на вашата насмевка на усните.

 6. Некои работи можат многу подобро да се почувствуваат, отколку да се објаснат. Но, луѓето не го знаат тоа. Тие им веруваат на зборовите, тоа е проблемот. Треба повеќе да му се верува на своето срце, отколку на зборовите.

 7. Постојат два света. Едниот го измисливме, а во другиот нè тераат да живееме. Во кој свет припаѓате вие?

 8. Зошто постојат толку народи во светот, ако има луѓе?

 9. Кога еднаш ќе пораснете, однесувајте се како да сте вселена, а не само нејзин дел.

10. Реалноста е како облеката. Не е важно што носиш, туку како ти стои. Престани да се дотеруваш, модата е сезонска уметност.

11. Ако сега не си ТИ, никогаш и нема да бидеш. Не е „сè во свое време“, туку - сè во твое време.

12. И сега знам дека е помудро да се направи чекор надвор од себе, отколку да се поминат милиони километри во своите гради.

13. Јас сум колекционер на необични работи. Некои собираат беџови и поштенски марки. Јас собирам денови, часови и моменти.

14. Богат сум. Имам очи. Раце. И полни џебови со добри зборови.

15. Научи се да го уплашиш својот страв, наместо тој да те уплаши тебе. Научи се да ѝ предизвикаш болка на болката, наместо таа да те боли тебе. Научи се да ги водиш твоите патишта, наместо тие да те водат тебе. И научи се да го живееш животот, наместо тој да те живее тебе.

16. Оној кој се ракува млитаво, мислите му се млитави и живее тромаво.

17. Прелетај ја бесконечноста и победи го времето и фантазијата, но никогаш не заборавај како е да се чекори по земјата.

18. Им раскажавме на рамениците и рацете нешто што во преводот на дишењето значи – љубов.

19. Пред моќта стојам, пред мудроста треперам, на колена паѓам само пред љубовта.

20. Не се плашам од заби, тие се помеки од усните. Забите ќе те гризнат за момент, а усните за цел живот.

  (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg