20 кратки ирски мудрости
Ирска е магична, прекрасна земја каде дури и најпознатите бајки за злато и леприкони се полни со едноставен и скромен хумор.
Оваа земја е населена со прекрасни луѓе кои не се мачат со тешките прашања за смислата на животот и точно знаат како се живее искрено, без премногу грижи и со многу забава.
20 поговорки кои се пренесувале од генерација на генерација меѓу овие прекрасни луѓе и се полни со хумор, љубов и едноставна мудрост:
1. Веселата насмевка и длабокиот сон можат да ја излечат секоја болест.
2. Постојат само три типови на мажи кои не ја разбираат жената: младите, старите и оние од средно доба.
3. Женската убавина не може сама од себе да направи некој котел да врие, но нема ни да се наполни без неа.
4. Секој ден од вашиот заеднички живот нека биде полош од следниот.
5. Умирањето не е толку страшно. Неживеењето е страшно.
6. Пред да стапиш во брак, широко отвори ги очите. Откако ќе стапиш во брак, затвори ги.
7. Ако вискито не може да ти ја излечи болеста, тогаш нема спас за тебе.
8. Никогаш не се повлекуваме. Само напредуваме во друга насока.
9. Подобро е да се вратиш на средина од реката отколку од местото од каде ќе почнеш да се давиш.
10. Ако мачката чека долго глувчето да излезе од дупката, има големи шанси да успее да го улови.
11. Жените можат да се соочат дури и со ѓаволот.
12. Кога Господ го креирал времето, креирал и доволно време.
13. Можеш да дознаеш колку некој заработува не по неговата облека, туку по облеката на неговата сопруга.
14. Љубовта на прв поглед најчесто се случува на самрак.
15. Никогаш не се фали со големината на твојот паричник, убавината на твојата сопруга и вкусот на твоето пиво.
16. Три работи кои никогаш не треба да ги правиш: да фрлиш камен во вода, да даваш совет на гневна жена и да зборуваш со будала.
17. Паметниот дипломат секогаш знае кога може да испрати некого во пеколот или кога треба самиот да се подготви за најлошото.
18. Љубовта дели ја со твојата сопруга, а тајните со мајката.
19. Подобро е да бидеш кукавица за една минута отколку мртов засекогаш.
20. Обиди се да се пикнеш во рајот половина час пред ѓаволот да дознае дека си умрел.
Н. Г. | Црнобело