Романтични извадоци од книги

Кога сте вљубени, оставете делата да зборуваат за големината на вашата љубов, но сепак кога сакате да ја изразите љубовта со зборови, оставете на романтичарите од книгите да зборуваат наместо вас.

romanticni-izvadoci-od-knigi-1_copy.jpg

„Треба да бидеш бакнувана многу, и тоа од некој што знае како." Маргарет Мичел

„Дали те сакам? Боже, ако твојата љубов е зрно песок, мојата би била универзум од песочни плажи." Вилиам Голдмен

„Да сакаш или да си сакал некогаш, тоа е доволно. Нема поубав бисер кој можеш да го најдеш во темните страни на животот." Виктор Иго

„Тој се симна пробувајќи да не гледа во неа долго време, како таа да беше сонцето. Но, сепак ја виде, како што го гледаш сонцето, без да ја погледне." Лео Толстој

„Кога сакаме, секогаш се трудиме да станеме подобри отколку што сме. Кога се трудиме да бидеме подобри отколку што сме, се околу нас станува подобро." Пауло Коелјо

„Ја сакав против секоја причина, напротив секое ветување, напротив мирот, напротив надежта, напротив среќата и напротив секое обесхрабрување што постои." Чарлс Дикенс

„Би биле заедно, со нашите книги во топол кревет навечер со отворени прозори и светлите ѕвезди над нас." Ернест Хемингвеј

„И тогаш се насмеав, иако иднината е опасно место, затоа што ја сакав и таа ме сакаше мене, и светот беше убав." Мари Стиеватер

„Љубовта е стрплива, љубовта е љубезна. Секогаш заштитува, секогаш верува, секогаш се надева, секогаш издржува. Љубовта никогаш не губи." Библија

„Кога ќе се заљубиш тоа е како моментално лудило. Еруптира како земјотрес и потоа се смирува. И кога ќе се смири мораш да одлучиш. Треба да размислиш дали вашите корени ќе се соединат толку многу што никогаш нема да се разделите. Затоа што љубовта е токму тоа. Љубовта не е да си без воздух, не е возбуда, не е потреба да водите љубов секој дел од денот. Не е кога лежите навечер и замислувате дека тој го бакнува секој дел од вашето тело. Не, немој да се срамиш. Ти кажувам некои вистини. Затоа што тоа не е љубов, иако сите ние се убедуваме дека е. Љубовта е тоа што останува кога вљубеноста ќе помине. Не звучи многу возбудливо нели? Но, љубовта е токму тоа." Луис де Берние

„Јас не сум ништо посебно. Само обичен човек со обични мисли и живеев обичен живот. Нема споменици посветени на мене и моето име набрзо ќе биде заборавено. Но, во едно нешто успеав како секој што некогаш живеел. Сакав некого со целото мое срце и душа и за мене тоа беше доволно." Николас Спаркс

„Не можам ниту да јадам, ни да пијам ни да спијам. Ниту, што е најлошо да сакам некоја друга жена на светот освен неа." Семуел Ричардсон

„Од што и да се направени нашите души, неговата и мојата се исти." Емили Бронте

„Тој го има мојот Запад, мојот Југ, мојот Исток и мојот Север. Мојата работна недела и мојот неделен одмор." В.Х. Ауден

„Ако живееш до 100 години, јас сакам да живеам 100 минус еден ден, за да не треба да живеам ни еден ден без тебе." А.А. Милн

„Секој атом од твоето тело, ми е исто драг како и моите. Во страдање и болест пак би ми бил драг." Џејн Остин

„Ти си моето срце, мојот живот, мојата една и единствена мисла" Артур Конан Дојл

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg