Има решение за сè: (Нај?)мудрите мисли на Ким Кардашијан
Едни ја оспоруваат и ја нарекуваат личност без талент, а за други пак, таа е идол заради бројните работни успеси и статусот на ѕвезда.
Без разлика на тоа дали ја сакате или ја презирате, сигурни сме дека ќе кажете дека е забавна личност. Во текот на годините, сме биле сведоци на безбројни различни ситуации каде таа успеала да каже зборови „вредни злато“.
Пример:
1. „Зарем не е интересно како слоновите имаат толку опуштен задник?“
2. „Душо, дали залепи налепница на бентлито? (на прашањето дали направила тетоважа)“
3. „Моето семејство носи многу тежина, ама најзабавна е онаа која е во Louis Vuitton куфер.“
4. „Сè се основа на тоа дали сте за акција или сте мрзливи. Затоа, завршете си ја обврската, станете, мотивирајте се и едноставно направете го тоа што треба да го направите.“
5. „Мислам дека Бог го направи ова со причина. 100% си рекол: Ким мислиш дека си многу згодна, ама погледни што можат да ти направам.“
6. „Мислам дека сум многу среќна, бидејќи го обожавам целиот процес на правење фризура и шминка.“
7. „Мора да инсистирате другите да ве почитуваат. А, тоа значи дека и самите себе морате да се почитувате.“
8. „Дури од неодамна почнав да носам долна облека, до пред месец дена никогаш не носев.“
9. „Ако Парис Хилтон мисли дека задникот ми е одвратен, не ми е грижа. Јас барем имам задник.“
10. „Да знаев подобро, ќе сработев подобро.“
11. „Канје секогаш ми вели облечи се попровокативно. Секогаш ме поддржува...“
12. „Не е важно дали имате некој за Денот на вљубените. Можете и самите себе да се сакате.“
13. „Ќе плачам на крајот на денот. Не можам да плачам со свежо направена шминка.“
Н. Г. | Црнобело