10 лаги во кои слепо веруваме

Во животот постојано се соочуваме со најразлични идеи за тоа како треба да живееме, како треба да изгледаме, како треба да размислуваме...

10-lagi-vo-koi-slepo-veruvame-001.jpg

Многу често верувајќи дека се исправи ги прифаќаме без воопшто да размислиме.

Сепак, по извесно време сфаќаме дека многу од нив се сосема погрешни и направиле да се чувствуваме тажни, невредни и повредени.

Токму затоа ова се лагите во кои мора да престанете да верувате:

1. Сам значи осамен

Сам не значи секогаш осамен, ниту пак врската секогаш значи среќа. Немањето партнер нема никогаш да ви предизвика толкава самотија како останувањето во лоша врска.

2. Среќата доаѓа кога имаш сè што посакуваш

Среќа не е да немаш повеќе желби, туку да си благодарен за тоа што го имаш и трпелив за тоа што допрва доаѓа. Често се обидуваме да оствариме некоја голема цел, што не ги забележуваме мали победи кои секојдневно ги доживуваме.

3. Болката е нешто што се гледа

Секој има свои битки кои ги преживува, само што некои луѓе тоа подобро го кријат од други. Никогаш не знаме што се случува зад нечии затворени врати, па затоа наместо да осудувате, обидете се да ги сфатите луѓето и ако можете помогнете им.

4. Животот има определен начин како треба да изгледа

Животот е наш и само од нас зависи како ќе пристапиме кон него. Не постојат никакви правила како треба да реагирате на повредување, лага или болка. Постапете онака како што верувате дека е правилно и исправно и онака како што ви кажува срцето.

5. Мора да се вклопиш во шаблонот

Кога ќе престанете да се споредувате со другите и со визијата за самите себе, која може да биде или да не биде реална, ќе бидете во состојба да го почувствувате вистинското, а не имагинарното спокојство.

6. Само мал број привилегирани луѓе можат да живеат убав живот

Ако секое утро се будите со мислата „Денес ќе биде убав ден!“ и си легнувате со мислата „Да, денес навистина беше убав ден!“ еден ден ќе сфатите дека и вие сте станале дел од луѓето кои живеат убав живот.

7. Тешките времиња се непотребни

Сите неприлики, па и оние најтешките во животот, се животно искуство. Понекогаш човекот мора да се почувствува слаб и немоќен за да може да се почувствува и силен.

8. Да се биде силен значи да не се чувствува болка

Во реалноста, најсилни се луѓето кои не само што чувствуваат болка, туку ја прифаќаат и учат од неа, и ја совладуваат со работа. Храброст е да се покажете дека сте повредени, но и да продолжите храбро напред станувајќи уште посилни.

9. Глумата е нешто што е сосема во ред

Не е во ред, особено кога сте во врска и зборувате повеќе отколку што реално чувствувате. Не кажувајте „Те сакам“ пред да почувствувате љубов;  „Благодарам“ пред да почувствувате благодарност и „Жал ми е“ пред да почувствувате жалење.

10. Мечтаењето е изгубено време

Најголемите „подароци“ се невидливи, но се чувствуваат длабоко во срцето. Мечтаењето е една од тие дарови, која им овозможува на луѓето да видат барем мал дел од она што се крие длабоко под површината. Некои работи чекаат да бидат откриени, сè што треба да направите е да верувате во нив и во вашите соништа.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg