Кога мажот изразува мислење е мажиште, кога жената изразува мислење е кучка

Денес го прославуваме Меѓународниот ден на жената 8-ми март, ден кога се одбележува борбата на жените за општествена, политичка, економска и социјална рамноправност со мажите.

Koga-zenata-izrazuva-mislenje-taa-e-kucka-01.jpg

Феминизмот е збор кој сé уште се дочекува „на нож“ и се доживува со потсмев. Не треба да има апсолутно ништо смешно во тоа од ничија страна.

За сите оние кои подзаборавиле или пак можеби не знаат што точно значи да се биде жена, прочитајте ги овие 10 цитати чија цел е да едуцираат и да ни ја вратат потребната доза на самодоверба и вредноста која ја заслужуваме.

ЖЕНА – колку гордо звучи тоа:

 1. Феминизмот не е валкан збор. Феминизмот не значи дека мразите мажи, не значи дека мразите девојки со тенки нозе и исончан тен и не значи дека сте кучка или лезбејка, туку значи дека верувате во еднаквост.

 2. Кога мажот изразува мислење, тој е мажиште. Кога жената изразува мислење, таа е кучка.

 3. Јас никогаш не можев да го откријам значењето на зборот феминизам: знам само дека луѓето ме нарекуваат феминистка секогаш кога ќе изразам став кој ме разликува од чергичето за бришење чевли.

 4. Ова е за силните жени. Да ги препознаеме таквите. Да бидеме едни од нив. Да израснеме такви жени.

 5. Јас сум жена со мисли, прашања и многу нешта за кажување. Јас ќе кажам дали сум убава и колку сум силна. Ти нема да одлучиш каква ќе биде мојата приказна – јас сум тука за тоа.

 6. Жените се вистинските архитекти на општеството.

 7. Феминизмот нема цел да ги направи жените посилни. Тие се веќе силни. Поентата е да се промени перцепцијата како светот гледа на таа сила.

 8. Секако дека не сум загрижена дали ги плашам мажите. Оние мажи кои се плашат од мене се токму оној тип за кој јас немам никаков интерес.

 9. Прашањето не е – Кој ќе ми дозволи, туку – Кој ќе ме сопре?

10. Постои специјално место во пеколот за жените кои не им помагаат на другите жени.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg