Сè што треба да знаете за семејството Кенеди пред да го гледате филмот Jackie

Џеки Кенеди, запаметена по нејзиниот беспрекорен стил, контроверзен животен стил и профил на храброст покрај сите трагедии кои и се случиле во текот на животот, стана вистинска легенда и асоцијација за префинетост и елеганција без разлика на трагичните околности во кои живеела.

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-filmot-jackie-01.jpg

Таа дефинитивно се докажала како столб на семејството и храбар заштитник на нејзините деца откако нејзиниот сопруг, претседателот Џон Кенеди, бил немилосрдно убиен, додека двајцата биле во автомобилот во официјална претседателска посета на Далас, Тексас.

Во новиот филм за Џеки, во кој таа е портретирана од Натали Портман, можете да го видите животот на Џеки во периодот околу убиството на нејзиниот сопруг:

За сè друго што сакате да знаете за Џеки Кенеди прочитајте овде:

Џеки Кенеди како синоним за храброст

На 22-ри ноември, Џеки Кенеди седела до нејзиниот сопруг во моментот кога тој бил убиен.

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-filmot-dzeki-1

Куршумот го погодил претседателот во глава и тој починал на место. Нејзиниот култен розов костим, испрскан со крвта на нејзиниот сопруг, сликата како таа пробува да му ја држи главата цела откако еден дел му бил целосно откинат и подоцна како таа се прекачува преку задниот дел на отворениот автомобил, засекогаш останаа впишани во светската историја.

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-filmot-dzeki-2

Покрај трагедијата, Џеки Кенеди успеала да остане смирена и присуствувала истиот ден на инаугурацијата на Линдон Џонсон како нов претседател. Таа одбивала си ја промени облеката и цел ден останала во крвавиот костим, велејќи: „Не, нека видат сите што му направија на Џон“.

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-filmot-dzeki-3

Џеки верувала дека има клетва над семејството Кенеди

По смртта на нејзиниот сопруг, таа станала многу блиска со неговиот брат Роберт Кенеди. За нивната блискост имало многу шпекулации и нејзините две деца речиси го сметале како татко.

Меѓутоа и Роберт Кенеди, 5 години по смртта на Џон Кенеди бил убиен додека држел говор во Лос Анџелес.

Џеки тогаш почнала сериозно да се плаши за сигурноста на нејзините деца.

Таа мислела дека семејството има многу непријатели и решила да ги тргне нејзините деца од јавноста и подалеку од сите тие случувања кога се омажила за грчкиот тајкун Онесис.

По смртта на Роберт Кенеди, клетвата над семејството Кенеди ќе стане многу популарен термин, затоа што 3-ца браќа и една сестра од семејството го изгубиле животот на многу рана возраст.

Прво починал најстариот брат на претседателот, во Втората светска војна, а само 4 години подоцна и неговата сестра починала во авионска несреќа.

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-filmot-dzeki-5

Керолин Кенеди е единствениот наследник на претседателот кој е сè уште жив

Џеки Кенеди имала 4 деца, 2 девојчиња и 2 машки деца. Нејзината ќерка Анабела била родена мртва, а подоцна таа изгубила уште едно машко дете, Патрик, два дена по неговото раѓање.

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-filmot-dzeki-6

Патрик, требало да биде првото дете кое е родено додека сè уште трае мандатот на татко му. Со другите две деца, Керолин и Џон имала успешна бременост. Тие се фотографирани како стојат до неа на погребот на Џон Кенеди.

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-filmot-dzeki-4

Во 1999 година, Џон Кенеди, синот на претседателот загинува во авионска несреќа заедно со неговата сопруга. Керолин Кенеди е единствениот преостанат наследник на кланот Кенеди. Таа е познат писател и служела како американски амбасадор во Јапонија од 2013 до 2017 година.

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-filmot-dzeki-7

Има гласини за многу љубовни афери на Џон и Џеки Кенеди

Џон Кенеди во текот на неговиот мандат бил поврзуван со легендарната актерка Мерилин Монро.

Шпекулациите за нивната афера биле доста популарни. Изведбата на Мерилин Монро, за роденденот на Џон Кенеди е една од најпопуларните интерпретации на традиционалната песна „Happy Birthday to you“.

Сензуалната изведба ја поттикнала јавноста да верува дека постои афера помеѓу двајцата.

https://www.youtube.com/watch?v=EqolSvoWNck

Исто така постоеја шпекулации дека Џеки Кенеди пронашла пар гаќички на 19-годишна практикантка, заборавени од аферата на Џон Кенеди во Белата куќа.

Џеки Кенеди, во текот на бракот со претседателот исто така била поврзувана со Гркот Онесис кој подоцна ќе ѝ стане сопруг.

Се велело дека тие двајца биле блиски пријатели и дека Џон Кенеди бил толку љубоморен на грчкиот женкар што во текот на нивната посета во Грција, наредил на обезбедувањето да ја држи неговата сопруга подалеку од него.

И двете афери се негирани од страна на Белата куќа и нема цврсти докази за истите.

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-filmot-dzeki-9

Џеки Кенеди била вистинска стилска икона

Високата мода и Џеки многу често можете да ги слушнете во иста реченица. Таа била модна тренд-сетерка во текот на `60-ите. Дизајнерите многу често правеле имитации на нејзините фустани и костими.

Сакала да носи големи очила за сонце, бисерите и биле омилен аксесоар и познатите капи кои ги направила популарни ги комбинирала да бидат во иста боја со нејзините костими.

Морала да носи американски костими на официјални посети и затоа, нејзиниот американски дизајнер често правел реплика на Шанел костимите.

Џеки Кенеди во официјална посета на Индија

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-noviot-film-dzeki-10


Џеки Кенеди со нејзините препознатливи очила за сонце

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-noviot-film-dzeki-11


Џеки Кенеди во Кристијан Диор фустан во Белата Куќа

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-noviot-film-dzeki-12


Џеки Кенеди на улиците во Њујорк

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-noviot-film-dzeki-13

Џеки Кенеди имала кариера како успешен уредник

По смртта на нејзиниот втор сопруг таа се преселила во Њујорк и почнала кариера како уредник во издавачката куќа Вајкинг Прес. Работела таму сè до нејзината смрт во 1994 година. Се верува дека таа го убедила Мајкл Џексон да ја издаде својата автобиографија.

se-sto-treba-da-znaete-za-semejstvoto-kenedi-pred-da-go-gledate-noviot-film-dzeki-14

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg