Можам да ти простам, но не можам да заборавам

Простувањето е многу важно за нас самите. Додека живееме во улогата на повредена страна, тоа е лошо за нас и за нашиот емотивен живот. Простувањето донесува ослободување од горчината. 

mozam-da-ti-prostam-no-ne-mozam-da-zaboravam-01.png

Можам да ти простам, но не можам да заборавам.

Оваа реченица со сигурност безброј пати сме ја повториле или слушнале од наши драги личности во животот, при што не сме свесни колку штета може да има оној кој ја изговара.

Иако ни се чини дека одлуките ги носиме со своја волја, на рационално ниво, тие често во голема мера се контролирани од она што сме го собрале на потсвесно ниво, односно емоции кои сме ги поврзале со некој настан или ситуација.

Кога ќе видиме некој човек на кој сме му простиле - предвремено дефинирајќи, дека тоа ќе биде без заборав - се јавуваат емоции кои сме ги доживеале кога таа личност нè повредила. И колку да ѝ веруваме дека тоа што по 10 години конечно сме почнале да разговараме со некогашен пријател или член на семејството е знак дека сме направиле чекор напред, често не е така: некаде длабоко во нас сè уште царуваат негативни емоции кои спречуваат тој однос да се развие во нешто што би можел да биде.

Луѓето мислат дека се слободни, дека сами одлучуваат, но со нив навистина управуваат силни емоции во потсвеста, па човекот ни сам не знае зошто се однесува на одреден начин и во што е проблемот, вели енерготерапевтот Иван Модрушан, кој ја издал и книгата „Како да простите“.

Место да простиме, често одбираме линија на помал отпор. Така, на пример можеме да се оддалечиме од човекот кој нè повредил, пример кога ќе се преселиме во друг град по разводот од партнерот, како би го среќавале помалку и ни се чини дека со тоа сè сме решиле, но не е така.

Понекогаш се држиме до она: „Зошто би простил, ако тој кој ме повредил не ми се ни извинил?“, затоа што тоа значи дека не ги увидел своите грешки и да не му е жал. Што навистина не е важно.

Или тоа дека едноставно мораме да го „исчистиме“ животот од негативни луѓе, што е само заобиколување на суштината. Всушност, сè тоа привремено може да биде добар начин да се оддалечиме од негативните емоции, но „горчината“ која сме ја понеле во некој однос не исчезнува.

Може да исплива на површина кога најмалку се надеваме и прилично да ни штети, ако не станеме свесни дека простувањето е многу важно за нас самите. Додека живееме во улога на повредена жртва, тоа е лошо за нас и за нашите емоции.

Не се работи за тоа дали ќе му простите на некој кој не ни гледа колку лошо се однесувал кон вас и не сака да ви се извини, туку заради тоа сакате ли себе и својата потсвест да ја ослободите од горчината и негативните емоции кои ги носите во себе.

Без да простиме сме заглавени во минатото. Сè додека одбиваме да простиме, носиме тежина на лутина, депресија и страв, таа болка која може да се појави секојпат кога ќе ја сретнеме личноста која нè повредила, но и некој кој се однесува слично.

Тогаш е голема веројатноста дека старите рани и болните емоции да ги преживувавме одново, ден по ден. Дури кога ќе се ослободиме од емоциите кои ги влечеме од тие негативни настани можеме со полни гради да живееме во сегашноста и да зачекориме во иднината. Минатото тогаш ќе стане лекција која некогаш сме ја научиле и сме продолжиле понатаму.

Чекор во иднината

Многу луѓе се строги кон себе и со години живеат заробени во негативни емоции заради сопствените грешки, заради кои често пропуштаат животни прилики.

Пример, нешто што сме го направиле коа сме биле млади, откачени и без грижа на совест, денес го осудуваме од одговорна позиција. Исто така, кога би го прифатиле фактот дека минатото е минато, односно нешто што не можеме да го промениме, колку и да размислуваме или да се каеме за тоа, полесно би го прифатиле она што се случило.

Прифаќањето ќе го олесни исцелувањето и простувањето. Ако веќе се мачите со некои работи, пробајте да проанализирате што денес би направиле различно, да може да се вратите во тоа време и тие околности и запишете го тоа. На тој начин, учиме од грешките.

Одлучете се за добро

Колку подолго се мачите со болните чувства, тоа повеќе им давате важност, а оној кој ве повредил има моќ над вас.

Влијание на потсвеста

Додека живееме во улога на повредена жртва, тоа е лошо за нас и нашите емоции. Потсвеста треба да ја ослободи горчината и лутината која ја криеме во себе и да продолжиме понатаму.

Е. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg