Дали сте знаеле дека...?
Постојат некои работи кои никогаш не би ве заинтересирале во животот. На пример, сигурно не ви е гајле колку трае оргазмот на свињата.
Меѓутоа, нас ни се интересни па затоа сакаме да ги споделиме со вас. Можеби навидум непотребни факти, но секогаш можат да се најдат.
Дали сте знаеле дека...
1. Ако се дереш без престан 8 години, 7 месеци и 6 дена, ќе произведеш доволно звучна енергија за да се загрее шолја кафе.
2. Но, ако прдиш непрестајно 6 години и 9 месеци, ќе произведеш доволно енергија со сила на атомска бомба!
3. Човечкото срце кога пумпа крв, произведува доволно силен притисок за крвта да шприцне на 10 метри.
4. Оргазмот на свињата трае 30 минути!
5. Буба Швабата може да живее 9 дена без глава, се' додека не умре од глад.
6. Удирајќи ја главата во ѕид се трошат 150 калории на час.
7. Мажјакот богомолка не може да се пари додека главата му е поврзана со телото. Женката го започнува сексуалниот чин со откинување на главата на мажјакот.
8. Мувата може да скокне 350 пати повисоко од должината на нејзиното тело. Тоа е како човекот да прескокне фудбалски стадион.
9. Сомот има преку 27.000 сензори за вкус.
10. Некои лавови се парат преку 50 пати дневно!
11. На пеперутките сетилото за вкус им е сместено на стапалата.
12. Најсилен мускул во телото е јазикот.
13. Деснаците живеат во просек 9 години подолго од леваците.
14. Слоновите се единствени животни кои не можат да скокаат.
15. Урината на мачката свети под лампа.
16. Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.
17. Морската ѕвезда нема мозок.
18. Поларните мечки се леваци.
19. Луѓето и делфините се единствени суштества кои имаат секс од забава.