Подобро да имаш доволно, отколку многу: Најубавите италијански мудрости
Според многумина таа е најубавата земја на светот каде без размислување би сакале да отпатуваат и да уживаат во сите нејзини убавини.
Земјата со највкусна храна, весел народ и неверојатна култура – сето тоа е Италија.
Сепак, нуди многу и повеќе. Италијанците отсекогаш важеле за мудар народ кој знае да донесе вистински одлуки во вистинско време. Нивните зборови се полни со поуки и лекции од кои може да научите многу.
Ова се само дел од нивното наследство:
1. Ако си се родил магаре, не можеш да умреш коњ.
2. Ако лажеш, биди краток.
3. Бавното стареење е клуч за долговечност.
4. Подобро живеј една година како лав, отколку сто години како овца.
5. Пријателството е како виното - ако не е старо, не вреди ни скршена пара.
6. Непријателот е најопасен кога изгледа поразен.
7. Кога играта ќе биде завршена, и кралот и пионите одат во иста кутија.
8. Секој е цар во сопствениот дом.
9. Кога бираш жена и купуваш коњ, затвори ги очите и препушти му ги работите на Бога.
10. Постојат два начина да се расправаш со жена, но ниту еден од нив не функционира.
11. Убавина без добрина е како изветреано вино.
12. Бог сака да разговара со оние кои молчат.
13. Оној кој мисли дека парите можат да му дадат сè, тој е подготвен да направи сè за пари.
14. Не трчај ниту по жена, ниту по воз - секогаш доаѓа друг/а.
15. Никој не сака да биде сам - дури и во Рајот.
16. Подобро да имаш доволно, отколку многу.
17. Времето, мажите и синовите се токму такви какви што изгледаат.
18. Не суди за луѓето според она што го зборуваат за нив.
19. Одвреме навреме трпи ги будалите – од нив можеш да разбереш нешто интересно. Но никогаш не спори со нив.
20. Ако сакаш да добиеш вистинско признание - умри.
21. Само вистинскиот пријател ќе ти каже дека твоето лице е валкано.
22. Вистинскиот пат никогаш не е долг.
23. Кој пие пиво, живее до сто години.
24. И црната кокошката несе бели јајца.
25. Кој се познава себеси, го познава целиот свет.
М. С. | Црнобело