Не можеме да го напуштиме бродот секојпат кога ќе има бура. Исто е и со љубовта

Љубовта е најубавото чувство кое може да го почувствува едно човечко суштество.

Citati-koi-kje-ve-nateraat-povtorno-da-veruvate-vo-ljubov-01

Таа има сила да нè крене до облаците, но и да не нарави тажни и бескрајно несреќни кога некој ќе си поигра со неа.

Без оглед на тоа колку пати во животот сте се разочарале, никогаш не престанувајте да верувате во неа, бидејќи токму кога најмалку очекувате таа ќе ја испрати вистинската личност и ќе ве натера да верувате дека сè е возможно.

Следниве цитати нека ви бидат едно мало потсетување колкава е нејзината моќ...

1. Не можеме туку така да го напуштиме бродот секогаш кога ќе наидеме на бура. Вистинската љубов значи заедничко приспособување на условите кои животот ни ги носи.

2. Кога некој навистина се грижи за вас, воопшто нема да се сомневате во тоа, бидејќи тој ќе се потруди секојдневно да ви го покаже тоа.

3. Љубовта никогаш не се откажува.

4. Не постои совршено место и време за љубовта. Таа се појавува неочекувано, во дел од секундата, во само едно отчукување на вашето срце...

5. За нас двајцата домот не означува место. Тој е личност. А, ние конечно стигнавме дома.

6. Само еден збор има моќ да нè ослободи од целата тежина и болка на овој свет. Тој збор е љубов.

7. Не се вљубуваме во некого заради неговиот изглед, облека или скап автомобил, тука во музиката која излегува од него, а само ние можеме да ја чуеме.

8. Љубовта нема никаква врска со тоа што очекуваме да го добиеме - за неа е важно само тоа што имаме да го дадеме – а тоа е сè.

9. Дојдов овде вечерва бидејќи кога ќе сфатиш дека сакаш да го поминеш животот со некого, сакаш тој живот да започне што е можно побрзо.

10. Дали те сакам? Ако твојата љубов е како зрно песок, мојата би била цел универзум од песочни плажи.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg