8 славни жени кои не се плашат од староста: „Лицето треба да зборува за тебе, не за посетите на твојот доктор“
Порано или подоцна, сите ја забележуваме првата бора, првото бело влакно, а на тоа не се имуни ниту славните.
Некои се решаваат да се борат со староста преку хируршки зафати и ботокс, додека други уживаат во стареењето.
Овие 8 славни жени имаат да кажат мудри работи на тема - старост:
Кејт Бланшет
„Знам дека кога се смеам, борите ми стануваат подлабоки и повидливи, но не паничам. Што ќе ми е лице кое не ја раскажува мојата приказна, лице кое не знае што е хумор?“
Мерил Стрип
„Мој совет: Не поминувајте многу време грижејќи се за совршена кожа или за намалување на некој килограм. Размислете што генерално сакате да направите од животот, а што сте постигнале досега.“
Џулија Робертс
„Вашето лице треба да зборува за вас, не за вашите посети на пластичниот хирург.“
Џуди Фостер
„Многу е подобро да бидеш жена со брчки, отколку очигледно - жена која се срами од своите брчки.“
Ким Катрал
„Моите 40-ти години беа добри, но сега, кога наполнив 60 - ох, дури и светот дише во ритамот на староста. Староста е себеспознавање. Сега не се обидуваш да бидеш некој друг или да правиш нешто што не си. Само си мислиш: Еве ме. Поминав низ ова, преживеав, и сега знам кој сум.“
Сузан Сарандон
„На 60 години ставив тетоважа, за каква старост зборувате?!“
Ема Томпсон
„Ги жалам прекрасните жени кои и дење и ноќе само мислат како ли изгледаат.“
Брук Шилдс
„Моето лице е добро познато, па ако променам нешто, веднаш почнува да се зборува, како што тоа им се случи на други актерки. Сите магазини почнуваат да ја мерат големината на усните, пред и потоа. Не сакам да исплашам никого, благодарам.“
М. Д. | Црнобело