10 факти кои не сте ги знаеле за најголемиот празничен хит на Мараја Кери
Еден од најпознатите интернационални хитови кој се врти за време на празничната сезона е секако песната „All I want for Christmas is You“ на Мараја Кери. Оваа заразна мелодија останува една од најпопуларните модерни новогодишно-божиќни песни.
Само во тековниов месец песната била симната над 3,2 милиони пати. Мараја и ко-авторот на песната Волтер Афанасиев заработиле повеќе од $50 милиони долари откако ја објавиле.
„All I want for Christmas is You“ е 11-тиот најпродаван сингл на сите времиња.
Еве неколку интересни факти за популарната песна која годинава го прослави својот 22-ри роденден:
Мараја го напишала својот дел од песната за 15 минути!
Партнерот во музичкото „злосторство“ Афанасиев објаснува: „Дефинитивно не е Лебедово езеро, но затоа е толку многу популарна, затоа што е едноставна и за сечиј вкус“.
Песната е дел од првиот празничен албум на Мараја Кери
„Merry Christmas“ е четвртиот студиски албум во кариерата на Мараја и воедно првиот празничен музички албум. Кој би рекол дека ќе има таков огромен хит во листата?
Мараја не сакала првично да ја сними песната
Ниту оваа, ниту која било друга од песните обоени со новогодишно-божиќен дух. Во далечната 1994 година, ваквиот тип на албуми правеле постари пејачи и оние кои не се повеќе толку популарни.
Тогашниот сопруг на Мараја го глумел Дедо Мраз во спотот
Музичкиот могул и тогашен сопруг на Мараја Кери во периодот, Томи Мотола, се појавува на кратко во спотот за „All I want for Christmas is You“ како Дедо Мраз, кој ѝ остава подарок и заминува со црвената санка.
Веќе постои песна со истиот наслов
Песната на Мараја можеби е оригинална, но насловот со сигурност не е. „Vince Vance & The Valiants'“ објавиле кантри песна со идентичен наслов во 1989 година, но двете песни не се никако поврзани, освен преку насловот.
Најголем интернационален празничен хит
Интересно е како една ваква мелодија ги освоила топ листите од Унгарија, па сè до Австралија, Јапонија, Холандија, Норвешка и Велика Британија, како и многу други држави ширум светот. Кога песната шири љубов и позитивни вибрации, веројатно резултатот и не може да биде поинаков.
Божиќниот хит е снимен во август
Замислете, пеете за снег, Божиќ и Дедо Мраз, а температурата надвор е 40 степени. Но, тоа не ја спречило издавачката куќа да создаде новогодишна атмосфера. Тие донеле елка и светилки во студиото додека се снимала песната, па дури сакале да фрлаат и вештачки снег, но за среќа се откажале од идејата.
Во песната не свири вистински бенд
Верувале или не, само гласот на Мараја и придружните вокали се снимил оригинално. Останатиот дел од музиката и мелодијата Афанасиев го направил компјутерски.
Доживотно исплатлива инвестиција
Само досега, песната има заработено над $50 милиони долари од авторски права. Секоја година, таа станува сè попопуларна и со сигурност може да се каже дека близнаците на Мараја Кери комотно може да живеат до крајот на животот со парите кои ги заработува „All I want for Christmas is You“.
Мараја Кери ја одобрила песната за користење во филмот „Love, Actually“
Пејачката не го одобрува вклучувањето на нејзината песна во различни проекти, но исклучок од правилото е романтичниот филм „Love, Actually“. Таа е особено наклонета кон филмот, ѝ се допаднало сценариото и актерите, а веројатно и девојчето кое го отпеа големиот хит на филмското платно.
Ниту на Мараја Кери не ѝ здосадува нејзината новогодишна песна, па зошто би ни здодеала нам? Само пред неколку денови таа на Инстаграм објави слатко видео во кое си ја потпевнува песната со едно од дечињата.
Погледнете го оригиналното видео и нека ве освои празничната еуфорија:
(О)Милена | Црнобело