Трите љубовни писма на Бетовен кои ќе ви го стопат срцето

Романтиката е повторно во мода, но прашањето е – дали воопшто некогаш престанала да биде? Во ера кога владее технологијата и цинизмот се чини дека романтиката полека изумира, но чувствата сепак излегуваат на површина колку и да се длабоко закопани или замаскирани.

Trite-ljubovni-pisma-na-Betoven-koi-ke-vi-go-stopat-srceto-01.jpg

Музичкиот гениј Лудвиг ван Бетовен кој творел во 18-от век бил уништен од неговата напредна глувост. Имал прилично тежок карактер, депресивен и избувлив со оглед на состојбата и никогаш не се оженил.

Но, во неговите документи по смртта се пронајдени три прекрасни љубовни писма адресирани до неговата „бесмртна љубов“. Иако нејзиниот идентитет не е експлицитно назначен, но историчарите сметаат дека станува збор за Антонија Брентано од Виена, која била мажена за трговец од Франкфурт.

Овие три љубовни писма на Бетовен се сведоци дека дури и најтемното најзакржлавено срце во себе крие светлина и љубов:

I

На бесмртната љубов

6 јули, наутро

Ангеле мој, мое сè, суштество мое – само неколку збора денес, и тоа со молив (твојот) – само до утре е извесно моето живеење овде. Колку одвратно губење на време за такви работи – зошто е оваа длабока болка, каде што зборува неопходноста? Може ли нашата љубов да опстане, а тоа да не биде преку жртвување, без да изискува и без да бара сè? Зар не можеш да го измениш тоа, тоа што не си целосно моја, што јас не сум целосно твој? О Боже, гледај ја прекрасната природа и усогласи го својот ум со незибежното. Љубовта бара сè, и апсолутно има право, и затоа ти мораш да бидеш со мене, а јас со тебе – само што ти толку брзо го забораваш тоа, што јас морам да живеам за тебе и за мене – кога би биле сосем обединети, ти би го забележала тоа болно чувство барем колку и јас...

...Извесно е дека набргу би морале да се сретнеме, зашто ни денес не можам да ги соопштам, своите забележувања, што деновиве ги запишав за својот живот – кога нашите срца би биле блиски, веројатно не би ги забележувал таквите работи. Да бидам искрен, срцето ми е полно – во некои мигови сфаќам дека зборовите не значат ништо. Разведри се – остани мое вистинско и единствено богатство, мое сè, како што сум ти и јас тебе. За другото мораме да ги почекаме боговите, зашто тоа што мора да биде за нас, навистина ќе биде.

Твојот верен

Лудвиг


II

Понеделник навечер,

6 јули

Ти страдаш, ти, најмило мое суштество. Штотуку дознав дека писмата мора да се пратат сосемa рано наутро. Понеделник и четврток, тоа се единствените денови кога поштата оди оттука во К. Ти страдаш... ах! Таму каде што сум јас, со мене си ти, ти си со мене и јас со тебе, морам да средам да можам да живеам со тебе. Каков живот би било тоа! Ах! Без тебе – иако луѓето на кои сум им важен секаде ме опсипуваат со внимание – сакам да заработам барем колку што заработуваат тие – понижувањето на човек спрема човек... ме боли... а кога се гледам себе во споредба со универзумот, што сум јас, а што е тој – што го нарекуваат најголем... а сепак... туа е пак човек сличен на божество. Ми се плаче кога помислувам дека веројатно дури во сабота ќе ги добиеш првите вести од мене. Добра ноќ... кога ќе ја испијам водата, ќе морам да си легнам. О Боже, толку си блиску! Толку Далеку! Зар тоа не е вистинско рајско здание, нашата љубов, цврста исто како рајска тврдина.

 
III

Добро утро,

7 јули

Дури и в кревет, моите мисли копнеат по тебе, бесмртна моја љубена, некогаш радосна, потоа пак тажна... ја очекувам судбината, да видам дали ќе нè задоволи. Единствено можам да живеам со тебе или воопшто да не живеам. Да, решен сум да скитам, толку долго и толку далеку, сè додека не смогнам да долетам во твојата прегратка и да се најдам дома со тебе, каде што твојата душа ќе ја прегрне мојата, во кралството на душите – да, жалам, мора да биде така. Ќе го сфатиш тоа подобро кога ќе знаеш колку сум ти верен. Никогаш ниедна друга нема да го има моето срце, никогаш – никогаш! О Боже, зошто човек мора да си оди од таа што толку ја сака, зашто мојот живот со Б., каков што е сега, е беден живот. Твојата љубов во ист миг ме прави најсреќен и најнесреќен човек на светот. На моја возраст, потребна ми е постојаност, идентичност на животот. Може ли да постои тоа во нашите околности? Ангеле, штотуку слушнав дека поштата се праќа секој ден – па затоа морам веднаш да завршам, за да го добиеш писмово веднаш. Биди во мир – сакај ме... денес... и вчера.

Моите солзи се полни копнеж по тебе, животе мој, мое сè, збогум. О, продолжи да ме сакаш и никогаш не сомневај се во најверното срце.

На твојот сакан

Л

Засекогаш твој.

Засекогаш свој.

Засекогаш наш.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg