Луѓето кои се среќни во 30-тите, научиле 10 важни лекции во 20-тите години

30-ите години се период кога мислиме дека сè е лесно и едноставно и дека можеме да направиме сè што ќе посакаме.

Teski-lekcii-koi-srekjnite-lugje-vo-triesettite-gi-naucile-vo-dvaesettite-01

Но, уште при првата препрека на патот кон нашата цел се премислуваме дали треба да се откажеме, дали постапуваме правилно, дали тоа е она кое навистина го сакаме...

Од друга страна во текот на триесеттите години веќе сме поминале низ многу нешта и имаме куфер со искуства и лекции кои направиле од нас целосна и зрела личност.

Луѓето кои се среќни и успешни во триесеттите ги научиле овие важни работи уште кога биле во нивните дваесетти:

1. Научиле да ја разликуваат љубовта и компатибилноста. Иако тоа се два различни поими, и двата се потребни за една врска да функционира. Без компатибилност, љубовта не може да напредува, а без љубов компатибилноста е само пријателство.

2. Тие се дисциплинирани и ја знаат разликата меѓу нешто што не сакаат да го направат или не се способни да го направат. Секој понекогаш е мрзлив и незаинтересиран, но тие знаат кога е доста. Ако нешто можеш да го направиш кога сакаш, можеш и кога не сакаш.

3. Научиле што значи да не си во право.

4. Внимателни се кога е во прашање кругот на луѓе со кои се дружат и важни им се односите кои ги негуваат кон нив. Не поминуваат многу време со некого туку така, вложуваат во луѓето и односите, дури и кога имаат малку време и тешко им е да го направат тоа.

5. Научиле како да се променат. Знаат да се препознаат себеси баш онакви какви што се и да ја препознаат личноста во која може да се претворат и да живеат среќно.

6. Одржуваат контакт со луѓето. Им се заблагодаруваат, им ги честитаат родендените и не ги одложуваат договорите. Одговорни се кога се во прашање односите.

7. Имаат такт, знаат дека начинот на кој кажуваш нешто е многу поважен од она што го кажуваш.

8. Водат сметка за финансиите. Не се ограничени само на платата, секогаш сметаат дека може да заработат повеќе пари и знаат добро да управуваат со нив. Тврдењето „Ова е сè што имам“ веќе има нова форма која гласи „Како можам да располагам со ова?“

9. Научиле да им простат на родителите.

10. Развиле смисла за себе. Методот на грешки и лекции кога се во прашање работата, односите, управувањето со домот и сè останато е нешто од непроценлива вредност.

   М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg