Постојат 29 крвни групи, дишеме 20.000 пати дневно...: Неверојатни факти за човечкото тело
Мислиме дека целосно и совршено добро си ги познаваме сопствените тела. Знаеме како функционираат и какви промени настануваат секоја секунда од денот.
Но, човечкото дело е сериозен, комплексен, а понекогаш и мистериозен механизам кој често ги збунува дури и специјалистите.
20 неверојатно интересни факти за човечкото тело кои сигурно не сте ги знаеле:
1. Секој човек има уникатни отпечатоци на јазикот.
2. Само едно влакно е доволно да држи едно јаболко (но, научниците не наведуваат колку е големо јаболкото).
3. Бројот на бактерии во устата на еден човек е еднаков со бројот на луѓе кои живеат на планетата Земја.
4. Меките нокти кои лесно се лупат и немаат полумесечина, може да се знак на премногу активна тироидна жлезда.
5. Брзината на импулси кои се движат во мозокот е 400km/h.
6. Постојат дури 29 крвни групи, а најретката припаѓа на група на семејства во Јапонија, позната уште како „hh крвна група“.
7. Целосната должина на нерви во човечкото тело изнесува 75 километри.
8. Човекот дише околу 20.000 пати дневно.
9. Човечкото око разликува 10 милиони различни бои.
10. Во текот на еден ден, нашата крв поминува околу 19.312 километри низ крвните садови.
11. Ушите продолжуваат да ни растат до крајот на животот, по околу ¼ милиметар годишно.
12. Срцето отчукува 35 милиони пати годишно.
13. Секој ден, човечкото тело губи околу еден милион клетки од кожата - или 2 килограми годишно.
14. Еден квадратен сантиметар од кожата содржи околу стотици сензори за болка.
15. Момчињата имаат помалку вкусни папили на јазикот од девојчињата.
16. Просечната личност консумира околу 35 тони храна во текот на животот.
17. Околу 5 години во животот ви поминуваат во трепкање.
18. Во нашиот мозок, 100.000 хемиски реакции се случуваат секоја секунда.
19. Брзината на кивавицата е 160km/h.
20. Насмевката активира 17 мускули на лицето, а плачот дури 43.
Н. Г. | Црнобело