15 цитати на прекрасната Моника Белучи
Моника Белучи е италијанската божица чија убавина е нешто кое се зголемува правопропорционално на нејзините години.
„Првото дете го родив на 40 години, второто на 45, го снимив ’Бонд‘ на 50 и никогаш не би сакала повторно да имам 20 години. Во младоста имате ѓаволска убавина која не ја сфаќате, која не ја спознавате. Но кога ќе наполните 50 години, во вас се раѓа една поинаква убавина, убавина која ви дава сила. Таа сила воопшто не е поврзана со надворешната убавина!“
Нејзината харизма и природна женственост е нешто кое не остава никого рамнодушен.
Покрај актерството, таа е мајка на две деца, зборува три јазици и обожава јога.
Следните нејзини цитати ќе ви покажат дека покрај надворешната убавина, оваа жена може да се пофали и со прекрасна душа:
1. Убавината на жените станува проблем само во два случаи: кога ја нема и кога не постои ништо освен убавина.
2. Нам всушност и ништо не ни припаѓа: ниту нашите сопрузи, ниту нашите деца. Ние можеме само да ги споделуваме нештата со луѓето кои ги сакаме.
3. Жената може да сака како никогаш да нема да замине. Но, може и да дојде таков ден кога ќе замине како никогаш да не сакала.
4. За мене, стареењето значи станување подобар од тоа што си бил!
5. Луѓето можат да им го простат на другите умот, а дури и талентот, но успехот и убавината – никогаш.
6. Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојот одраз во огледалото нема веќе да ме радува? Истото што го правеше и мојата мајка. Нема да се гледам во огледало – ќе гледам во моите деца.
7. Секогаш им велам на младите девојки: „Научете да го сакате своето тело!“ Бидејќи совршенство не постои, и сосема е очигледно дека жените не се ништо помалку убави од слабите девојки. Едноставно, треба да научите да се прифатите онакви какви што сте.
8. На сите ни се потребни илузии. И, токму затоа сакаме филмови.
9. За ништо на светот не би сакала повторно да имам 20 години. Сега сум многу посреќна, отколку тогаш, бидејќи на таа возраст се сознаваме себеси, се обидуваме да сфатиме што сакаме да бидеме, патиме од несигурност... Сега точно знам што ми е потребно и без што можам да живеам.
10. Да се биде убава на 20 години – тоа е природно. Кога сте убави на 35 или 45 – тоа е животна позиција.
11. Според мене, глупаво е, со оглед на младоста и убавината, да станете „спонзоруша“ на некој со подлабок џеб, бескрајно да го трошите животот на секакви забави. Убавината ни е потребна како помош да најдеме хармонија, љубов и смисла во овој хаотичен свет.
12. Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие само признаваат дека сте подобри од нив.
13. Убавината станува експресивна и интересна само кога е покриена со облека.
14. Женственост – тоа е хармонија, природност и сензуалност.
15. Не ги разбирам жените кои кажуваат дека машките желби ги понижуваат. Мислам дека тие, едноставно, не се во склад со себеси.
М. С. | Црнобело