8 сурови вистини за животот кои секој треба што порано да ги сфати

Животот е убав, но и многу суров. Ова е најкратката и најточната дефиниција за тоа како функционираат нештата во животот.

8-surovi-vistini-koi-sekoj-treba-sto-porano-da-gi-sfati-01

Можеби не можете да изберете каде и кога ќе се родите, но она што можете да го направите за себе е да го проживеете животот најдобро што можете.

Животот е постојана борба во која паузите меѓу една рунда и друга речиси и да не постојат.

Ваше е да се борите и да не се предавате. Никогаш. Без оглед на сè...

Следните искази се само брутални вистини за тоа што ве чека низ животот, а колку побрзо ги сфатите толку подобро ќе можете да живеете.

1. Материјалните нешта нема да ве направат ниту подобра, ниту посреќна личност.

2. Не можете да ги направите сите среќни. Ако тоа е вашата цел, знајте дека уште однапред сте ја изгубиле битката.

3. Да очекувате дека ќе бидете совршени е нереално. Да очекувате дека со постојано вложување во себе ќе станете подобра личност од вчера е она кон кое треба да се стремите.

4. Кога животот ќе ви се наближи кон крајот вашите достигнувања и успеси нема да вредат толку многу колку убавите моменти поминат со луѓето кои ви значеле.

5. Колку повеќе се обидувате да ја најдете среќата во надворешниот свет, толку повеќе ќе се разочарувате. Среќата не е богатство кое треба да се пронајде, таа е нешто кое го создаваме во себе.

6. Вашите постапки зборуваат многу погласно од вашите зборови. Престанете да се обидувате да влијаете врз другите со вашите зборови, направете го тоа со вашите постапки.

7. Во животот со сигурност знаеме дека ќе умреме, она што не го знаеме е кога. Искористете го секој момент да го исполните она за кое сонувате.

8. Вашиот талент не е нешто кое само сте го добиле од Бога. Талентот е нешто на кое постојано и напорно треба да работите за истиот да може да излезе на површина.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg