Боб Марли за љубовта

Љубовта е вечна инспирација за која постојано се зборува и за која секогаш останува нешто недокажано и недоречено.

bob-marli-za-ljubovta-001.jpg

Не постојат луѓе на планетава кои се имуни на љубовта и нејзината чудна моќ.

Оние кои се малку повешти со зборови успеваат да напишат безброј стихови и ноти за неа.

Еден од нив е и Боб Марли. Ова се неговите зборови за љубовта:

1. Тој не е совршен. Не си ни ти. И вие двајца никогаш нема да бидете совршени. Но, ако може да те насмее барем еднаш, да те натера да размислиш двапати, ако признава дека е човек и знае да згреши, остани покрај него и пружи му најмногу што можеш.

2. Тој нема да ти рецитира стихови, нема да мисли на тебе во секоја секунда, но тој ти го дава оној дел од себе за кој знае дека можеш да го уништиш. Не му нанесувај болка, не се обидувај да го промениш, и не очекувај од него повеќе од тоа што може да ти понуди.

3. Насмевни му се, кога те прави среќна, викај му кога те нервира, и сакај го дури и кога не е покрај тебе.

4. Љубовта е тешка, кога навистина е љубов.

5. Идеални мажи не постојат, но затоа постои еден, идеален за тебе.

6. Можеби нема да бидеш првиот маж во нејзиниот живот, ниту последниот, ниту единствениот. Сакала и други пред тебе, а можеби ќе сака и по тебе. Но, ако во моментов те сака, зарем е важно било што останато?

7. Го отвораш твоето срце иако знаеш дека може да биде скршено, и при тоа отворање доживуваш љубов и задоволство за кои никогаш не си помислил дека постојат. Сфаќаш дека ранливоста е единствениот начин да му овозможиш на срцето да почувствува вистински притисок кој е толку вистински што ти предизвикува страв.

8. Нештата кои никогаш претходно не те интересирале, стануваат фасцинантни бидејќи знаеш колку ѝ се важни на личноста која ти е посебна. Мислиш на неа постојано и се сеќаваш на неа преку наједноставните нешта како синото небо, нежниот ветар, па дури и сивиот облак кој одненадеж се појавува на хоризонтот.

9. Ако е идеална, нема да биде лесна. Ако е лесна, нема да биде идеална. Ако ја заслужуваш, нема да се откажеш. Ако се откажеш, не ја заслужуваш. Вистината е дека секоја ќе те повреди, но твое е да ја најдеш онаа за која вреди да патиш.

 М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg