Оној што е пријател секому, не е пријател никому - Безвременски мудрости на грчките филозофи

Многу векови наназад, Грција била лулка на мудроста и домот на важни историски личности, кои со своето знаење и интелигенција го промениле текот на светот.

Onoj-sto-e-prijatel-sekomu-ne-e-prijatel-nikomu-01.jpg

Нивниот безграничен талент, инспирација и визијата кои ги поседувале претставуваат основа на модерната цивилизација.

Ние пак, остануваме вечно благодарни на она што тие го споделиле со светот, оставајќи го на сите идни поколенија на глобално ниво.

Ова е само мал дел од мислите на најголемите филозофски умови во историјата на човештвото:

1. Најтешкото нешто во животот е да се спознаете себеси. – Талес

2. Почекајте да ви пресуди најмудриот од сите советници... времето. – Перикле

3. Сега знам дека ништо не знам. Тоа е изворот на мојата мудрост. – Сократ

4. На добрите луѓе не им се потребни закони да се однесуваат примерно, а лошите ќе најдат начин да ги заобиколат. – Платон

5. Секој може да се наути - тоа е лесно, но да се биде лут на вистинската личност, до вистинскиот степен и во вистинското време, и поради вистинската причина и на вистинскиот начин – тоа не го може секој и не е лесно. – Аристотел

6. Ништо не е постојано, освен промената. – Хераклит

7. Секако ожени се, ако најдеш добра жена ќе бидеш среќен, ако не – ќе станеш филозоф. – Сократ

8. Не постои ништо освен атоми и празен простор, сè друго е само мислење. – Демокрит

9. Треба да се ослободите од лошите навики и лошите луѓе. – Епикур

10. Малите можности се често почетоци на големи потфати. – Демостен

11. Не ми треба пријател кој се менува кога се менувам јас и кој клима со главата кога климам јас, мојата сенка го прави тоа многу подобро. – Плутарх

12. Да се биде брз е во ред, но прецизноста е сè! – Ксенофон

13. Оној што е пријател секому, не е пријател никому. – Аристотел

14. Празниот сад прави најсилен звук, па така и тие со најмалку мудрост се најголемите брборковци. – Платон

15. Не треба да го правиш она кое не сакаш другите да ти го прават тебе. – Талес

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg