7 важни лекции кои луѓето ги учат предоцна

Животните лекции со полни со мудрост бидејќи најчесто ги учиме на потешкиот начин.

7-vazni-lekcii-koi-lugjeto-gi-ucat-predocna-01

Сепак, најтешкиот дел во сето тоа сфаќањето дека не секоја можност трае засекогаш.  Најчесто тоа е она кое го сфаќаме долго откако можноста веќе завршила.

Ова се лекциите кои треба да ги научите што порано во животот:

1. Ако сакатe „да го правите она што го сакате“, ќе мора да работите трипати повеќе од сите останати

Повеќето луѓе не го поминуваат животот онака како што сакале, туку се одлучуваат да го прават она што ќе им биде кажано, или она што сакале нивите родители или пријатели па дури и колеги.

Ако сакате да го правите она што вие го сакате треба да гледате на тоа како на привилегија, а не очекување.

Ваквите луѓе се навистина ретки, па ако сакате да бидете дел од нив сега е вистинското време да работите на себе.

2. Зад гневот секогаш се крие страв

„Стравот е патот кој води кон темната страна. Стравот води кон гнев, гневот кон омраза а омразата кон страдање.“ Секогаш кога страдаме веруваме дека причината е нешто кое е надвор од нас. Сепак ако убаво ја анализираме ситуацијата ќе сфатиме дека сме огорчени и гневни за нешто до кое се држиме премногу долго.

Но, она кое се крие зад сево ова е страв. Стравот од ранливост, од повредување, од напуштање.... Сè додека не сфатите дека стравот е она кое ве кочи во остварувањето на вашите соништа, постојано ќе ве следи неговата сенка и нема да можете да одите напред низ животот.

3. Нашите секојдневни навики ја создаваат нашата идна личност

Сето она кое го правиме денес е основа за личноста која ќе станеме утре.

Не ја потценувајте моќта на малите навики, бидејќи иако незабележително тие секојдневно имаа огромно влијание на вас и на она кое ќе станете во иднина.

Во суштина тие се одличен показател во што ќе се претворите со текот на времето.

4. И на емоциите им е потребно вежбање

Кога ќе се спомене зборот вежбање, често помислуваме на физичка активност насочена кон вежбање на нашата мускулатура.

Сепак, вистината е дека и емоциите се нешто кое треба да го вежбате. Вежбајте простување, понизност, доверба...

Можете да вежбате хумор и самосвесност подеднакво како што вежбате гнев, незадоволство, драма и конфликт. Она што сте е всушност рефлексија на нештата кои свесно или несвесно ги вежбате.

5. Секој има сопствена агенда

Никогаш не се обидувајте да ги контролирате другите. Секој од нас има свои идеи, замисли и желби кои сака да ги оствари. Не очекувајте дека некој ќе ве стави пред сопствените желби бидејќи на тој начин само ќе се разочарате.

Секој од нас има сопствени планови, сопствен пат кој мора да го изоди. Наместо постојано да се жалите како вашите потреби се потиснати започнете да работите на нив, нудејќи и примајќи помош од другите за остварување на нивните и вашите замисли.  

6. Патувањето е многу поважно од целта

Едно нешто е да зацртате некаква цел и да побарате помош од другите за нејзино остварување. Нешто сосема друго е да го жртвувате вашето здравје, добростостојба, или добросостојбата на луѓето околу вас, само за да ја остварите зацртаната цел.

Колку и да е голема целта таа ќе стане безвредна доколку се изгубите себе си за да стигнете до нејзино остварување. Доколку не успеете да уживате во патувањето, по некое време пристигнувањето на самата цел веќе ќе ви биде сосема безначајно.

7. Напорното работење и смеата не се исклучуваат едно со друго

Смеењето не е знак дека луѓето не се сериозни и посветени на работата. Факт е дека најдобрите идеи произлегуваат од моментите на забава и смеа кога луѓето најдобро се поврзуваат меѓу себе и размислуваат без да го чувствуваат товарот на работењето.

Луѓето кои никогаш нема да го научат ова еден ден ќе сфатат дека станале стари и незадоволни од сè околу себе, без оглед колку постигнале.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg