10 работи за кои никогаш не треба да се извинувате
Многу често се извинуваме затоа што премногу водиме сметка за мислењето на другите или бидејќи сметаме дека тоа е учтиво и пристојно.
Толку сме навикнати да кажуваме „извини“ што не ни помислуваме дека постојат ситуации во кои тоа воопшто и не е потребно.
Ова се работите за кои не треба да се извинувате ама баш никому:
1. Не извинувајте се за вашата несовршеност – како надворешна така и внатрешна. Секој од нас има многу маани и недостатоци, но токму тие се она кое не прави единствени.
2. Не извинувајте се што сте избришале од животот еден куп негативни луѓе кои само ве правеле тажни и несреќни.
3. Не извинувајте се за тоа што сте станале многу попретпазливи од претходно.
4. Не извинувајте се за вашите грешки и неуспеси: вие сте тие кои сте се обиделе и научиле нешто ново, а не некој кој се плашел да направи и најмал чекор. Па сега, кој е всушност победник?
5. Не извинувајте се за тоа што веќе не можете да го сакате оној кој ви нанесол преголема болка.
6. Не извинувајте се за тоа што некогаш сте верувале во погрешни луѓе, бидејќи тоа било една болна, но неопходна лекција.
7. Не извинувајте се што славите без посебна причина, бидејќи малите прослави не мора да бидат поврзани со некаков важен настан во вашиот живот.
8. Не извинувајте се што сте ја кажале вистината колку и да била таа болна и тешка.
9. Не извинувајте се што ги искажувате сопствените емоции и никогаш не ги сокривате во себе.
10. Не извинувајте се што имате свое мислење и свои верувања, дури и ако тие се спротивни на мислењата и верувањата на многумина.
М. С. | Црнобело