16 мудрости на кои нѐ учат самураите - Секогаш избегнувајте големи количини на алкохол, гордост и луксуз

Самураите се јапонски древни војници, а се добро познати како цврсти личности со голема лојалност.

15-mudrosti-na-koi-ne-ucat-samuraite-01.jpg

Најдобар опис за нив би бил „луѓе кои одблизу му служат на благородништвото“, а за првпат се појавуваат во 10-тиот век.

Иако, уште тогаш само 10 проценти од јапонското населените биле самураи, сѐ уште може да се најдат нивните учители, списи и други остатоци од нивното постоење.

Ова се 16 мудрости кои секој самурај добро ги знаел:

1. Пред да го кажете вашиот став на некого, размислете дали тој ќе може да го прифати.

2. Грешките се поправаат веднаш штом ќе се направат. Ако тоа се направи без чекање, последиците брзо ќе исчезнат.

3. Оној кој во пијанството станува насилен, не е само несовесен, туку и кукавица.

4. Секогаш избегнувајте големи количини на алкохол, гордост и луксуз.

5. Учтиво е да поставите прашање дури и кога го знаете одговорот. А, кога не го знаете, тогаш тоа е обврска и не смеете да дозволите гордоста да ве спречи да прашате.

6. Кога ќе се соочите со тешкотии и препреки, многу е важно храбро да продолжите, без да се откажете.

7. Личноста вреди само кога знае да го цени значењето на сегашноста.

8. Ако не посветите еднакво внимание на телото и умот, никогаш нема да го победите непријателот.

9. Имате одговорност само за работите кои можете да ги направите денес. Секој нов ден носи нови можности.

10. Ништо не е поважно од целите кои сте си ги поставиле и кои можете да ги остварите сега.

11. Животот на човекот не е ништо повеќе од серија на сегашни моменти.

12. Секој има обврска, пред да изговори нешто, да ја измери важноста и вистината на своите зборови.

13. Несреќата секогаш доаѓа кај оние кои веруваат дека успехот им е одземен и затоа губат контрола врз своите дела.

14. Потребен е само еден збор за да откриете дали човекот е храбар или кукавица.

15. Никогаш немојте да бидете непристојни кога другите ќе ви побараат помош, дури и ако сте премногу зафатени.

16. Бидете им верни на вашите верувања. Кога ќе се одлучите за правецот во кој ќе се движите и размислувате, не дозволувајте никој да ве оттргне од тој пат. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg