Освен времето, сè може да се врати: 10 кинески мудрости за подобар живот

За Кинезите важи тврдењето дека се еден од најмудрите народи на светот. Нивниот начин на живот во совршена симбиоза со природата е она коe им носи долговечност и среќа.

osven-vremeto-se-moze-da-se-vrati-10-kineski-mudrosti-za-podobar-zivot-0001.jpg

Начинот на кој гледаме на нештата е начинот кој детерминира како ќе го живееме сопствениот живот. Ако постојано се фокусираме на негативни нешта, никогаш нема да можеме да ги забележиме сите тие убави работи кои животот ни ги нуди.

Едноставноста и умереноста се главната филозофија во животот на Кинезите. Само на тој начин, според нив, можеме вистински да уживаме во животот.

Овие 10 изреки се само дел од огромната мудрост која овој народ ја носи во себе:

1. Дури и патувањето од илјадници километри започнува со само еден мал чекор.

2. Оној кој постојано ти укажува на твоите недостатоци не е секогаш твој непријател; оној кој зборува секогаш за твоите вештини не ти е секогаш пријател.

3. Искушението да се откажете ќе биде секогаш најсилно кога победата е само на чекор од вас.

4. Освен времето, сè што е изгубено, одново може да биде пронајдено.

5. Зборувај само тогаш кога твоите зборови вредат повеќе од тишината.

6. Будалата ќе остане будала дури и ако е среќен.

7. Ако си тргнал некаде и паднеш, тоа не значи дека не си отишол никаде.

8. Не плаши се дека не знаеш, плаши се ако не учиш.

9. Оној кој никогаш не пливал, не знае што е поволен ветер.

10. Најдоброто време да засадиш дрво беше пред 20 години. Следното најдобро време за истото е денес. 

 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg