Оној кој е љубоморен, не е вљубен – 11 цитати за љубомората
Некој помалку, некој повеќе, но не постои човек кој не е љубоморен. Велат дека малку љубомора е нормално, дури и пожелно, бидејќи таа е двигател на страста и амбицијата, но дали навистина е така? Дали љубомората е потребна за успех или е целосно преценета и непотребно чувство?
Уживајте во следните цитати кои зборуваат за најинтригантната човечка емоција:
1. Можеш да бидеш месечина, а сепак да си љубоморен на ѕвездите.
2. Љубоморните луѓе се запоседнати со лош ѓавол и здодевен дух истовремено.
3. Љубомората е змејот што ја убива љубовта, со изговорот дека така ја одржува жива.
4. Не постои поголема победа од љубовта, и поголема казна од љубомората.
5. Повеќе луѓе умираат од љубомора, отколку од рак.
6. Оној кој е љубоморен, не е вљубен.
7. Не е љубовта слепа, туку љубомората.
8. Љубомората е целосно непотребна емоција.
9. Не им љубоморам на луѓето. Љубомората е просто губење време, бидејќи ти си љубоморен, а тие си продолжуваат со своите животи и доживуваат прекрасни моменти, па која е поентата?
10. Кучињата се нашата врска со рајот, бидејќи тие не знаат за зло, љубомора или незадоволство.
11. Љубомората е всушност љубов и омраза истовремено.
(О)Милена | Црнобело