Најубавите цитати од македонската љубовна поезија
Велат дека не постои едно годишно време за љубовта, но се чини дека месецот мај е можеби најубавиот и најромантичниот месец во годината, месец во кој блеска пролетта со сета своја раскошна убавина, будејќи ги нашите емоции и кревки чувства.
Кога се работи за поезија, најдобро е да се започне од домашната, затоа што оние цитати и стихови напишани на мајчин јазик ќе ги доживеете и почувствувате подобро од која и да било туѓа.
Во ризницата на македонската поезија се кријат неверојатни љубивни стихови, кои допираат и до срцата на најтврдокорните.
Ова се дел од нив...
- Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство. (Петре М. Андреевски)
- Спијачите си спијат, сонуваат само сонувачите. (Влада Урошевиќ)
- И мојата душа нека биде твоја, а мое да биде твоето лице. (Ацо Караманов)
- Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња, ќе те љубам и губам и во пости и пред гости, само да ме сакаш. (Петре М. Андреевски)
- Па сепак, окото и увото се праг на надежта, што она ја засолнила. (Гане Тодоровски)
- Не иди, зашто жалосна би била, и колку да те копнеам – се ледам. (Блаже Конески)
- И ништо не ми расправај, ништо не ме прашувај – да биде тишина... (Гого Ивановски)
- Сѐ повеќе има жени со зелени очи, сѐ повеќе возови што не доаѓаат навреме. (Влада Урошевиќ)
- Дојди, свои сме, јас – глад, а ти прекор, обајцата до корен она што сме. (Славко Јаневски)
- Два конца парај од срцето драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави траги, другиот копнеж и светол и стрвен. (Блаже Конески)
- Ги расклопувам очите. Во мојата уста твоето име, наместо Господовото. (Кочо Рацин)
- Ќе ме сотрат еден ден чинам или убавите жени или лошите вина. (Гане Тодоровски)
- Патував долго, патував цела вечност, од тебе до мојата небиднина. (Ацо Шопов)
- Сама себеси врата – сама себеси клуч. (Анте Поповски)
- Голапче мало убаво, голапче златокрилесто, кога ти дојде при мене, кога в часот побегна? (Константин Миладинов)
- Твојата молбена закана, твојата лукавост нежна и сите твои слатки измами ги знам. (Ацо Шопов)
- Ќе влезам тивко, кротко ќе си седам крај тебе, во мракот втренчен да те гледам сам. (Никола Вапцаров)
- Еден ден ќе се сретнеме како бротче од хартија и лубеница што се лади во реката. (Никола Маџиров)
- Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. (Кочо Рацин)
- Со благост те љубам тогаш кога правиш сѐ за да ми се одмилиш. (Елизабета Баковска)
(О)Милена | Црнобело