Тоа што пред вас стои сив облак не значи дека сонцето засекогаш исчезнало...
Животот е еден циклус без почеток и крај во кој нештата постојано се повторуваат и менуваат.
Некогаш сме многу среќни, а некогаш сме многу тажни, но сето тоа е само дел од циклусот на неизбежни промени.
Сите луѓе се соочуваат со тешки моменти, но ретко кои тоа знаат да го предочат во вакви ремек-дела кои ќе ве натераат да сфатите дека еден сив облак не значи дека сонцето засекогаш исчезнало.
1. „Ако сакате да промените или подобрите нешто во својот живот, морате да почнете така што ќе ги менувате внатрешните аспекти од вашиот ум.“ – Брајан Трејси
2. „И тоа ќе помине.“ – Персиска изрека
3. „Да сакате. Да бидете сакани. Никогаш не ја заборавајте својата безначајност. Не се навлекувајте на потиснато насилство и различни вулгарности во животот околу себе. Пронајдете радост на најтажните места. Извлечете ја убавината од својот ден. Никогаш не го поедноставувајте она кое е комплицирано и не го комплицирајте тоа што е едноставно. Почитувајте ја силата, никогаш моќта. Пред сè – гледајте. Обидете се да разберете и да пробате. Никогаш не го тргајте погледот. И никогаш, никогаш не заборавајте.“ – Арунхати Рој
4. „Станете подобра личност и бидете сигурни дека знаете кои сте пред да запознаете некој нов со надеж дека таа личност знае кои сте вие.“ – Габриел Гарсија Маркес
5. „Твоето време е ограничено, немој да го трошиш во живеење туѓ живот. Немој да дозволиш да те зароби догмата – да живееш како што другите мислат. Немој да дозволиш бучавата од туѓите мислења да го надгласи твојот внатрешен глас. И најважно, имај храброст да го следиш твоето срце и интуиција. Тие некако веќе знаат што сакаш да станеш. Сè друго доаѓа на второ место.“ – Стив Џобс
6. „Никогаш немој да одолееш на искушението: Пробај сè, а цврсто задржи го само она што е добро.“ – Џорџ Бернард Шо
7. „Кога бев дете и кога ќе видев страшни нешта на вестите, мојата мајка секогаш велеше: ‘Побарај помош. Секогаш можеш да најдеш луѓе кои имаат волја да помогнат.‘ До денешен ден, особено во ова хаотично време, сè уште се потсетувам на овие мајчини зборови и се тешам со сознанието дека постојат луѓе кои ќе помогнат – има толку многу внимателни луѓе во светот.“ – Фред Роџер
8. „Постојат две основни мотивациски сили: страв и љубов. Кога се плашиме, се повлекуваме од животот. Кога сме заљубени, се отвораме на сè што животот има да понуди со страст, возбудување и прифаќање. Мора да научиме прво да се сакаме себеси, со сите наши несовршености. Еволуцијата и сите наши надежи за подобар свет се наоѓаат во визијата без страв и со отворено срце за луѓето кои се спремни да го прифатат животот.“ – Џон Ленон
9. „Одамна ми стана јасно дека луѓето кои се склони на постигнувања не седат и не чекаат нештата сами да им се случат. Тие одат и се случуваат со нештата.“ – Леонардо да Винчи
10. „И покрај тоа што во секојдневниот живот сум типичен осаменик, свеста за тоа дека припаѓам во невидлива заедница на оние кои трагаат по вистината, убавината и правдата, ме спречи да се чувствувам изолирано.“ – Алберт Ајнштајн
11. „Не грижете се за малите нешта… И онака сè ќе биде во ред на крај.“ – Боб Марли
12. „Сите неволји кои сум ги имал во животот, сите проблеми и препреки, ме зајакнуваа. Можеби нема да сфатиш во првиот момент кога тоа ќе се случи, но тупаницата по забите понекогаш може да биде најдоброто нешто кое ти се случило.“ – Волт Дизни
13. „Последните 29 дена во месецот се најтешки.“ – Никола Тесла
14. „Лифтот кој води до успехот е расипан, но скалите се секогаш достапни.“ – Зиг Зиглар
15. „Несреќата ни изгледа многу помала кога молчиме за неа, отколку кога зборуваме. Зборувајќи за несреќата, таа само станува сè подлабока и поцрна. Кој говори за неа сто пати, со тоа и самиот ја зголемил за сто пати. Молчењето е најдобриот лек против несреќата, тоа е наједноставниот човечки отпор и одмазда за судбината.“ – Јован Дучиќ
М. С. | Црнобело