Изреки полни со мудрост од Мајка Тереза: Ако им судите на луѓето, немате време да ги сакате
Мајка Тереза се смета за една од влијателните жени во светот чие влијание нема никаква врска ниту со пари, ниту со престиж.
Нејзината верба во луѓето, нејзиниот посебен начин на живеење и нејзините постигнувања говорат за нејзината големина.
Помагајќи им на луѓето низ светот во името на Бога, Мајка Тереза е совршен пример за тоа колкава може да биде човековата добрина и желбата да се помогне некому.
Неа денес ја нема, но нејзините зборови полни со мудрост сведочат дека некогаш одамна живееле една скромна калуѓерка чие дело никогаш нема да биде заборавено.
„Што можеш да направиш за да промовираш мир во светот? Оди дома и сакај го своето семејство.“
„Не ни се потребни пиштоли и бомби за да се избориме за мир, потребни ни се љубов и сочувство.“
„Некои луѓе доаѓаат во нашиот живот како благослов, други како лекции.“
„Ако им судите на луѓето, немате време за да ги сакате.“
„Има работи кои ти можеш да ги направиш а јас не, но има работи кои јас можам да ги направам а ти не; затоа ајде да направиме нешто убаво заедно.“
„Не дозволувајте никој да замине од вас без да се чувствува подобро и посреќно. Бидете жив израз на Божјата добрина: добрина на лицето, добрина во очите, добрина во насмевката.“
„Ако сте обесхрабрени, тоа е знак на гордост бидејќи покажува дека верувате во сопствените моќи.“
„Знам дека Бог нема да да ми даде нешто што не можам да го поднесам. Понекогаш посакувам да не веруваше толку многу во мене.“
„Ајде секогаш да се пречекуваме еден со друг со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубов.“
„Не можете сите да правиме големи работи. Но сите можеме да правиме мали работи со многу љубов.“
„Лесно е да ги сакаш луѓето кои се далеку. Не е секогаш лесно да ги сакаш оние кои се блиску до тебе. Полесно е да дадеш некому чаша ориз и да го ослободиш од гладот отколку да ја ослободиш осаменоста и болката на некој сакан во твојот дом. Внеси љубов во домот бидејќи тоа е местото каде љубовта еден за друг мора да почне.“
„Љубезните зборови може да бидат кратки и лесни за кажување, но нивното ехо е она што е бескрајно.“
„Дури и ако сте на вистинскиот пат, некој ќе ве престигне ако само седите.“
„Насмевнете се еден на друг. Насмевни ѝ се на твојата сопруга, насмевни му се на твојот сопруг, насмевнете им се на вашите деца, едноставно насмејте се еден на друг – не е важно кому – тоа ќе ни помогне да израснеме во поголема љубов еден кон друг.“
„Може да се премориш од работа, може дури и да се не можеш да мрднеш повеќе, но ако твојата работа не е испреплетена со љубов, тогаш таа е сосема бескорисна. Да се работи без љубов е еднакво на ропство.“
„Ако вистински сакаме да љубиме мораме да научиме да простиме.“
„Љубовта започнува со водење грижа за најблиските – за оние во домот.“
„Љубовта е овошје за кое не постои годишно време и овошје кое е на дофат на секоја рака.“
„Еднаш ме прашаа зошто не учествувам во антивоени демонстрации. Реков дека никогаш нема да го направам тоа, но штом ќе организирате митинг за мирот, веднаш ќе дојдам.“
„Најужасната сиромаштија е осаменоста и чувството дека никој не нè сака.“
С. С. | Црнобело