Секоја минута заработува $300.000 долари: 15 неверојатни факти за компанијата Apple
Постојат навистина малку компании коишто го променија светот онолку колку Apple. Приказната започната во гаража од страна на неколку пријатели, прерасна во успешна урбана легенда за една од најголемите и највлијателните светски компании.
Во поглед на средствата кои ги поседува, Apple е всушност најголемиот технолошки гигант во светот. Apple во еден момент имал повеќе пари „во џебот“ од Владата на САД.
Дали сакате да дознаете уште неколку интересни факти поврзани со омиленото јаболко?
1. Во јули, 2011-та година, Apple имал повеќе пари во банка, отколку американската влада.
2. Со користењето iTunes, се согласувате да не ги користите производите на Apple во изградба на нуклеарни оружја.
3. Apple ги складира сите разговори кои ги водите со Сири.
4. Пушењето во близина на Apple компјутер ја прави гаранцијата неважечка.
5. Вработен во главната дирекција на Apple заработува просечно по $125.000 долари годишно.
6. Некои кинески „претприемачи“ отвориле лажни Apple продавници. Дури и персоналот бил убеден дека работи за вистинската Apple компанија.
7. Секоја минута, Apple заработува $300.000 долари.
8. Во четвртиот дел од филмот „Mission Impossible: Ghost Protocol“, производите на Apple се појавиле скоро 8 минути во текот на филмот. Проценката за ваков тип на реклама изнесува 23 милиони долари. Apple не платил ниту цент.
9. Ко-основачот на Apple, Роналд Вејн ги продал своите акции за $800. Денес, тие би вределе $35 милијарди долари.
10. Apple не можат да го употребуваат заштитниот знак за iPhone во Бразил, бидејќи компанијата Gradiente Electronicas го регистрирала истиот во 2000-та година.
11. Google прави повеќе профит од оперативниот систем iOS, отколку од Android.
12. Тинејџер во Кина си го продал бубрегот, за да си купи iPhone.
13. Пилотите преферираат да користат iPad, наместо лист и пенкало.
14. За да надгледуваат 200.000 работници во Кина, Apple морале да вработат повеќе од 8.000 инженери. Процесот во Америка би траел околу 9 месеци. Во Кина биле потребни само 2 недели за вработување на истите.
15. Часовникот на iPhone на рекламите секогаш покажува 9.41 минути.
(О)Милена | Црнобело