Инспиративни цитати кои ќе ве натераат да читате уште повеќе
Добрите книги, како и добрите пријатели, се ретки, но сепак бескрајно лојални и неверојатно забавни.
Тие ви го отвораат умот, ги прошируваат вашите хоризонти и ве инспирираат да го смените вашиот животот и светот околу вас.
Тие кријат магични решенија на проблемите кои ги криете длабоко во себе и се плашите да ги доверите дури и на најблиските пријатели.
Овие цитати ќе ве натераат уште веднаш да посегнете по вашиот хартиен пријател кој нетрпеливо ве чека на полиците од некоја библиотека, книжарница...
1. „Учете и читајте сериозни книги. Животот ќе се погрижи за останатото“ – Фјодор Достоевски
2. „Некои книги треба да се вкусат, други да се проголтаат, а само неколку да се изџвакаат и сварат“ – Френсис Бекон
3. „Сите добри книги се слични во тоа што настаните во нив изгледаат повистинито од тоа кога тие вистински би се случиле и штом ќе завршите со нивно читање, добивате чувство дека сето тоа ви се случило вам – и на крајот на краиштата сето тоа ви припаѓа вам.“ – Ернест Хемингвеј
4. „Човекот кој не чита добри книги нема предност пред човекот кој не може да ги прочита истите.“ – Марк Твен
5. „Читањето добра книга е како разговор со најљубезниот човек од изминатите векови.“ – Рене Декарт
6. „Дом без книги е тело без душа.“ – Цицерон
7. „Не морате да запалите книги за да уништите една култура. Само натерајте ги луѓето да престанат да ги читаат и сте ја постигнале целта.“ – Реј Бредбури
8. „Најдоброто кино на светот е мозокот, тоа ќе го сфатите штом ќе прочитате добра книга.“ – Ридли Скот
9. „Читаме за да дознаеме дека не сме сами.“ – К.С. Луис
10. „Дозволете ни да читаме и дозволете ни да танцуваме: - две забави кои никогаш нема да му наштетат на светот.“ – Франсоа Волтер
11. „Веројатно не постојат денови во детството во кои сме живееле толку исполнето како деновите поминати со омиената книга“ – Марсел Пруст
12. „Целото образование го стекнав во библиотека. И беше многу позабавно отколку да се оди во училиште, едноставно бидејќи составуваш сопствена листа на предмети и не мораш да слушаш никого.“ – Реј Бредбури
13. „За да станеш паметен треба да прочиташ само десет книги – но за да ги најдеш тие десет треба да прочиташ илјадници.“ – Непознат автор
14. „Книгите се бродови кои поминуваат низ широките мориња на времето.“ – Френсис Бекон
15. „Потпри се на книгите. Тие знаат да молчат кога е потребно и да зборуваат откривајќи го пред тебе целиот свет, кога тоа е потребно.“ – Непознат автор
16. „Да научиш да читаш е како да запалиш оган, секој прочитан слог е нова искра.“ – Виктор Иго
17. „Парадоксалната умешност на читањето лежи во оддалечувањето на себеси од светот како би можеле да најдеме некаква смисла во него.“ – Даниел Пенак
18. „Најдобриот Универзитет на светот претставува збирка книги.“ – Томас Карлајл
19. „Добрите книги не ги откриваат сите свои тајни одеднаш.“ – Стивен Кинг
М. С. | Црнобело