Знаете ли што е проблемот со реалноста? Нема музика која најавува опасност
Една стара поговорка вели дека потребно е да бидете прилично паметни, ако сакате да насмеете некого, а Џим Кери е еден совршен пример за тоа. Неговиот хумор често знае да биде груб и да погоди право во сржта, а на моменти и да биде луд.
Во секој случај станува збор за брилијантен човек кој не без причина стана популарен комичар и светски актер.
Неколку мудри изреки од Џим Кери:
1. „Како и повеќето од вас и јас се плашев да влезам во реалниот свет и да се занимавам со нешто што е поголемо од мене, сè додека не открив некој помудар од мене кој ме натера да сфатам дека нема ништо поголемо од самиот себе. Мојата душа не е ограничена со моето тело, туку телото е внатре во мојата безгранична душа.“
2. „Зад секој успешен човек постои жена која превртува очи.“
3. „Можете да доживеете неуспех работејќи го она што го сакате, па зошто да не ризикувате да го направите?“
4. „Вашата желба за прифаќање може да ве направи невидливи за остатокот од светот. Не дозволувајте нешто да застане на патот кон светлината која ве осветлува. Секој момент ризикувајте да бидете максимално видливи.“
5. „Ако не сте вклучени во ситуацијата, тоа значи дека или гледате во неизвесноста на иднината или сте се вратиле во минатото и жалите по нешто.“
6. „Знаете ли што е проблемот со реалноста? Нема музика која најавува опасност.“
7. „За најчувствителните меѓу нас, буката е прилично напорна.“
8. „Подобро е да ризикувате да умрете од глад отколку да се откажете. Ако се откажете од вашите соништа, што ви преостанува?“
9. „Понекогаш кога ќе се разбудам наутро и пијам кафе гледајќи од прозорецот си велам: Запамети колку е ова чувство добро. Лесно можеш сè да изгубиш.“
10. „Способни сте и подготвени да работите неверојатни работи во животот, а кога ќе завршите факултет имате две можности: љубов или страв. Секогаш одбирајте ја љубовта и не дозволувајте стравот да завладее со вас.“
Н. Г. | Црнобело