Правењето на нов чекор, изговарањето на нов збор е нешто од кое луѓето најмногу се плашат
Фјодор Михајлович Достоевски е еден од најпознатите писатели во светската литература, а неговите ремек дела мајсторски ги испитуваат најважните прашања за животот и смртта.
Ова се некои од неговите најдобри цитати, кои длабоко ќе продрат во вашата душа:
1. Треба да го сакате животот повеќе од значењето на самиот живот.
2. Правењето на нов чекор, изговарањето на нов збор е нешто од кое луѓето најмногу се плашат.
3. Постои граница во сечиј ум над која е опасно да се оди. Откако ќе преминете на другата страна, невозможно е да се вратите.
4. Среќата не лежи во самата среќа, туку во нејзиното остварување.
5. Кога ќе престанете да читате книги, ќе престанете да размислувате.
6. Слободата не можете да ја најдете во ограничувањата, туку во контролата која ја имате над себе.
7. Среќата не доаѓа од земните задоволства, туку се заработува со страдање.
8. Во вистински вљубеното срце или љубомората ја убива љубовта или љубовта ја убива љубомората.
9. Не треба многу за да уништите некого. Сè што треба да направите е да го убедите дека она што го прави е лишено од секаква корист и значење.
10. Молчењето е секогаш убаво, тивкиот човек е секогаш поубав од оној што зборува.
11. Една личност може да биде паметна, но за да се однесува мудро, интелигенцијата не е доволна.
12. Никогаш нема да пристигнете до вашата дестинација ако застанувате и фрлате камен по секое куче што лае.
13. Сакам да зборувам за сè барем со една личност исто како што зборувам сам со себе.
14. Ако немате цел во животот, ќе се чувствувате задушени.
15. Убавината ќе го спаси светот.
Н. Г. | Црнобело