20 безвременски цитати од Ана Франк кои ќе ги паметиме вечно
Анели Мари „Ана“ Франк е симбол на борбата не само против нацизмот, туку и против сите облици на нечовечност.
Ана Франк била мало 14-годишно девојче кое пишувало во својот дневник, но нејзините зборови покажуваат неверојатна зрелост. Ана пишувала за животот, љубовта и добрината. Во најтешките моменти таа не го изгубила позитивниот и оптимистичен дух.
Да се потсетиме на зборовите на Ана. Зборови кои звучат помудро и посилно со текот на времето. Зборови против кое секое зло ја губи битката:
1. „Колку би било убаво ако никој не мора да чека ни минута за да почне да го прави светот поубаво место“.
2. „Постои само едно правило кое треба да го запомниш: смеј се на сè и заборави на другите! Звучи егоистично, но тоа е единствениот лек против себе-сожалувањето“.
3. „Вистинско чудо е што не сум се откажала од своите идеали, бидејќи ми изгледаат толку апсурдни и невозможни за остварување. Сепак, не се откажувам од нив, после сè, и понатаму верувам во добрината на луѓето“.
4. „Луѓето можат да ти кажат да замолчиш, но тоа не те спречува да имаш свое мислење“.
5. „Спомените ми значат повеќе од фустаните“.
6. „Сети се на целата убавина која се наоѓа околу тебе и остани среќен“.
7. „Големината на човекот не лежи во богатството или моќта, туку во карактерот и добрината. Луѓето се само луѓе и имаат свои маани и недостатоци, но сите се раѓаме добри“.
8. „Сфатив дека убавината секогаш постои некаде - во природата, сончевите зраци, слободата, во самите себе, а сето тоа може да ти помогне“.
9. „Родителите можат да им дадат на децата добар совет и да го насочат на вистинскиот пат, но конечното формирање на личноста лежи во сопствените раце“.
10. „Секој кој е среќен, ќе ги направи и другите среќни“.
11. „На долги патеки, најострото оружје од сите се добрината и нежната душа“.
12. „Таму каде постои надеж, постои и живот. Надежта не полни со свежа храброст и повторно не прави силни“.
13. „Сите живееме со желбата да бидеме среќни. Нашите животи се различни, а сепак исти“.
14. „Можеш да бидеш осамена дури и ако многу луѓе те сакаат, а постои една личност за која ќе бидеш една и единствена“.
15. „Среќата се заслужува преку правење на добро и работење, не со шпекулирање и мрзеливост. Мрзеливоста можеби е попривлечна, но само работата овозможува вистинско задоволство“.
16. „Длабоко во себе, младите се поосамени од постарите“.
17. „Сакам да пишувам, а повеќе од тоа, сакам да го изнесат сето она кое ми лежи на душата“.
18. „Зошто некои луѓе мораат да гладуваат, а во другите делови од светот да имаат вишок“?
19. „Не сакам да живеам залудно, како поголемиот дел од луѓето. Сакам да бидам корисна и да им носам среќа на луѓето, дури и на оние кои не сум ги запознала. Сакам да продолжам да живеам и по смртта“.
20. „Никој не станал сиромашен со давање“.
Н. Г. | Црнобело