Живеј како да ќе умреш утре, учи како да ќе живееш вечно
Образованието е една од најважните работи кои човештвото ја сфатило низ својот развој. Токму затоа, уште од најрана возраст децата започнуваат да изучуваат разни области од науките со кои се стимулира, пред сè, нивниот психичкиот развој.
И иако како деца многумина од нас на учењето гледале како на обврска која возрасните ни ја наметнуваат со цел да ни го одземат драгоценото време за игра, подоцна сфаќаме колку образованието е важно првенствено за нас лично, а понатаму и за целото човештво.
Овие моќни цитати ќе ве натераат да се замислите и да ја сфатите моќта на знаењето без кое сите ние би се вртеле во еден магичен круг каде ништо не би се менувало.
1. „Живеј како да ќе умреш утре. Учи како да ќе живееш вечно.“ – Махатма Ганди
2. „Никогаш не дозволив моето школување да влијае врз моето образование“ – Марк Твен
3. „Образованието е најмоќното оружје кое можете да го искористите за да го промените светот“ – Нелсон Мандела
4. „Децата треба да бидат подучувани како да размислуваат, а не за што да размислуваат“ – Маргарет Мид
5. „Образование: патеката од самоуверено незнаење до проклета несигурност“ – Марк Твен
6. „Ако сакате да легнете нешто одете на колеџ. Ако сакате образование одете во библиотека“ – Франк Запа
7. „Не е важно колку бавно се движите сè додека не застанувате“ – Конфучиј
8. „Образованието на умот без образование на срцето не е никакво образование“ – Аристотел
9. „Јас не сум учител, јас сум само разбудувач на идеи“ – Роберт Фрост
10. „Умот не е сад кој треба да се пополни, умот е оган кој треба да се запали“ – Плутарх
М. С. | Црнобело