Денес некому му се случува најневеројатниот ден од животот: Најсреќните факти на светот
Светот може да биде најубавото и најстрашното место за живеење. Секој ден сме опкружени со многу информации, факти, резултати на истражувања, совети, манипулации, што често забораваме да ја видиме убавинаата во малите нешта.
Ова се најсреќните факти на светот кои можеби ќе ви ја вратат довербата во подобриот свет.
1. Ако се смеете лажно доволно долго, ќе почнете навистина да се смеете.
2. Битлси го употребиле зборот „љубов“ 613 пати во текот на кариерата.
3. Секоја година растат милиони дрва благодарение на верверичките кои заборавиле каде ги оставиле своите ореви.
4. Азотот во нашата ДНК, калциумот во нашите заби, железото во нашата крв... биле создадени во внатрешноста на ѕвездите кои умирале, што значи дека сите сме, на некој начин, создадени од ѕвездената прашина.
5. Пингвините имаат само еден партнер во својот живот, а бракот го предлагаат со давање на камчиња.
6. Милувањето ослободува окситоцин, елемент кој помага при закрепнување на рани.
7. Видрите се држат за раце додека спијат за да не се одвојат едни од други.
8. Во светот постои еден вид медуза која живее вечно.
9. Вејн Алвајн (гласот на Мики Маус) и Руси Тејлор (гласот на Мини Маус) биле во брак во реалниот живот.
10. Денес некому, некаде во светот, му се случува најневеројатниот ден од нивниот живот.
11. Морските коњи имаат еден партнер на кој му се верни и со кој патуваат заедно држејќи се за опашките.
12. Машките кученца, кога се играат со женските кученца, секогаш ги пуштаат да победат.
13. Во моментот на вашето раѓање неколку секунди бевте најмладата личност на планетава.
14. Коста Рика е статистички најсреќната држава на земјата.
15. Црвите комуницираат со галење.
М. А. | Црнобело