Мотивација низ 10 цитати на Ник Вујиќиќ: Стравот е поголем хендикеп отколку да немаш раце и нозе
Прочуениот Ник Вујиќиќ кој е познат по своите мотивациони говори, го нарекуваат чудо од човек.
Со оглед на тоа што е роден без раце и нозе како последица од ретко заболување, со својот животен пример секој ден докажува дека невозможното сепак е возможно.
Па, ако некогаш обичната задача или обврска ви се чини недостижна, потсетете се на овие негови цитати:
1. Во животот имате два избори - да бидете огорчени или да бидете подобри. Одберете да бидете подобри, не поогорчени. Никогаш не сум сретнал огорчен човек кој е среќен.
2. Благодарен сум затоа што сум жив, иако мислев дека мојот живот нема да биде вреден за да го живеам. Никогаш не знаеш што сè може Господ да направи со твоите скршени делови, додека не му ги предадеш.
3. Што мислите дека треба да одберам: Да бидам лут на Господ за она што го немам или да му бидам благодарен за ова што го имам? На моите семинари луѓето често велат како нешто не можат. Како се престари, премлади, предебели, преслаби, како имаат премногу дипломи или премалку знаење, како немаат пари, како немаат време. Главно, секогаш имаат изговор зошто не можат. Да се разбереме, и јас бев таков. Работите се променија во оној момент кога почнав да барам начин како да можам, наместо изговор зошто не можам.
4. Некои луѓе наместо да преземат одговорност, ги криват другите за она што им се случува. Ако животот ви подели погрешна карта и ви ги попречи плановите, можете за тоа да го кривите Господ, небото, своите родители или безобразното дете кое во трето одделение ви го украде сендвичот. И тоа никако нема да ви помогне. Единствен начин да завладеете е со менување на околностите и следењето на својот пат.
5. Во што е поентата да бидеш цел однадвор, а празен однатре? Запаметете - акцијата предизвикува реакција. Кога сте во искушение да ги напуштите своите соништа, натерајте се да пробате само уште еден ден, една недела, уште еден месец, година... Ќе бидете изненадени од она што се случува кога константно одбивате да се откажете.
6. Предизвиците постојат за да не зајакнат, а не да не прегазат.
7. Ако постојано се присетувате на старите рани, со тоа му давате контрола и моќ на она што ве повредило, но ако му простите, со тоа ја пресекувате секоја врска. Немојте да мислите дека простувањето е правење услуга на луѓето на кои сте им простиле, туку правете го тоа за себе.
8. Можеби немам раце со кои би можел да ја држам својата сопруга, но за да го држам нејзиното срце не ми требаат раце. А, нејзиното срце е она што сакам да го држам.
9. Стравот е поголем хендикеп отколку да немаш раце и нозе.
10. Синдромот „Би бил среќен кога би го имал тоа“ е масовен проблем. Ако барате среќа во материјалните работи, никогаш нема да ја имате доволно. Прво погледнете околу вас, а потоа и внатре во себе.