10 цитати за бракот: Совршен брак подразбира слепа жена и глув маж
Бракот е најраспространетата заедница во светот составена од двајца луѓе кои одлучиле својот живот да го поминат заедно. За некого бракот е благодет, а за некои најголема грешка.
Што мислеле и како го дефинирале бракот големите имиња:
1. „Кога мажот ќе и отвори врата на својата сопруга, или е нов автомобилот или е нова сопругата“ - Принц Филип
2. „Подобро добар развод, отколку лош брак“ - непознат автор
3. „Во секој случај, оженете се. Ако најдете добра жена, ќе бидете среќни. Ако најдете лоша, ќе станете филозоф“ - Сократ
4. „Бракот е прекрасна институција, но кој сака да живее во институција?“ - Гручо Маркс
5. „Ние го имаме најдобриот предбрачен договор на светот. Се вика љубов“ - Џин Перет
6. „Мојата сопруга и јас ја дознавме тајната на среќниот брак. Двапати неделно одиме на вечера во ресторан... таа оди во вторник, а јас во петок„ - Хенри Јонгман
7. „Мажите меѓу себе толку малку се разликуваат, што може слободно да останете во брак со првиот“ - Адела Роџерс
8. „Првиот брак е подобар и од најлошиот“ - непознат автор
9. „Пропаднат брак е оној во кој жената поминува исто толку време во кујна колку што поминува пред огледало пред да се омажи“ - Тухолски
10. „Совршен брак подразбира слепа жена и глув маж“ - Мишел де Монтана