Порано гледавме кон небото и се прашувавме за нашето место помеѓу ѕвездите: Најубавите цитати од филмовите

Текстовите на филмовите отсекогаш знаеле како да ни го променат расположението. Доволно моќни се да не натераат да заплачеме, забавни за да не насмеат, добро скроени за да не направат да се заљубиме.

porano-gledavme-kon-neboto-i-se-prashuvavme-za-nasheto-mesto-pomegju-dzvezdite-najubavite-citati-za-filmovite-01.jpg

Едноставно непогрешливи и маркантни со нивните сценарија и фрази кои долго се паметат.

Ви ги издвојуваме најдобрите:

1. „Порано гледавме кон небото и се прашувавме за нашето место помеѓу ѕвездите, сега гледаме само надолу загрижени за нашето место во калта.“ - Interstellar

2. „Ах да, минатото може да боли. Но, како што јас го гледам можеш да избегаш од него или да научиш од него.“ - Lion King

3. „Оваа сенка ќе помине. Дури и темнината мора да помине. Ќе дојде нов ден. Тогаш сонцето ќе изгрее и ќе свети, посјајно од било кога.“ - Lord of the rings

4. „Јас не сум паметен маж, но знам што е љубов.“ - Forest Gump

5. „Среќата може да биде најдена дури и во најтемните моменти. Само ако на некого му текне да ги запали светлата.“ - Harry Potter and the Prisoner of Azkaban

6. „Те сакам. Јас сум она што сум, поради тебе. Ти си секоја причина, секоја надеж, секој сон кој што сум го имал и без разлика што ќе се случи со нас во иднина, секој ден поминат со тебе е најубавиот ден од мојот живот. Јас секогаш ќе бидам твој.“ - The Notebook

7. „Ние сме она што ќе одбереме да бидеме.“ -  Spiderman

8. „Не дозволувај некој да те направи да се чувствуваш како да не го заслужуваш она што го сакаш.“ - 10 things I hate about you

9. „Не можеш да го живееш својот живот за да ги задоволиш другите. Изборот мора да биде твој.“ - Alice in Wonderland

10. „Јас, сè уште верувам во рај. Но, сега барем знам дека тоа не е место кое треба да го бараш, бидејќи тоа не е место каде што треба да одиш. Тоа e она чувство за момент во твојот живот кога си дел од нешто големо. Aко го доживееш тој момент, трае засекогаш.“ - The Beach

11. „Јас сум на мојот пат. Можам да патувам на далечини! Не ме интересира колку далеку. Ќе бидам силен, знам. Секој километар ќе вреди. Затоа би одел насекаде, само да откријам каде припаѓам.“ - Hercules

12. „Направи го или воопшто не го почнувај, нема ќе се обидам.“ - Star Wars

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тврдеше дека принцезата Дијана е бремена од син му Доди: Факти за милијардерот Мохамед ал Фајед Се верува дека Мохамед ал Фајед ги запознал принцезата Дијана и син му Доди биде...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Бил жртва на булинг, се самоубил по смртта на мајка му – Факти за дизајнерот Александар Меквин Важеше за „хулиган во британскиот моден свет“. Го дотерувал сите, а самиот одел ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg