Денот кога сите заминаа

Се сеќавам дека беше пет часот наутро и моја петта цигара по ред. Додека чадот навлегуваше во моето тело се чувствував како да правам некакво осветување на мојот храм.

denot-koga-site-zaminaa-01.jpg

Знаете она кога свештеник со темјан ја пее собата за да ја следи добро.

Разни мисли ми минуваа низ главата, а надвор врнеше. Прозорот беше скршен, па така патот на капките на дождот повеќе допираше до мене и се ежев од прво до последно влакно. Во главата ми се вртеше последната расправија со светот.

Бев некаде изгубен меѓу она што е правилно и она што е погрешно, ми беше смачено од тоа да бидам оној кој соли памет.

Едноставно се чувствував осамено. Додека стрелките на часовникот отчукуваа, а пленот стануваше лесен улов на крвожедните зверови на преминот од ноќ во ден, јас бев сам, со никој покрај мене.

Бев болен, не од светот, бев навистина болен од проклетијата која полека ја цицаше секоја капка крв од моето тело. Ненаситна отровница која ми го одзеде нормалниот начин на живот.

Се труев со апчиња и терапии секој ден, се прашував дали тоа навистина го заслужив, секоја инјекција навлегуваше во мене и се чувствував како да ме боди длабоко во срцето.

Се прашував зошто?

Можеше ли некој да ми објасни зошто јас го заслужив сето тоа?

Додека се подготвував за нова цигара, ми се чинеше дека пушам додека да пукнам, во главата ми се вртеше одговорот на прашањето кои си го поставив погоре.

БИДЕЈЌИ БЕВ ИДИОТ!

Го потрошив животот само за да ги задоволам другите, најчесто се трудев за нечија среќа додека јас гинев, полека скапував како труло дрво, а немаше кој да ме види, немаше кој да открие дека зад насмевката упатена кон светот се крие огромна завеса, театар на мојот живот. 

Сè што правев, секоја борба, сè она што дотогаш оставив, беше мој труд, моја работа, но не за мене, туку за сите оние околу мене. Како да живеев уништувајќи го мојот друг за да бидам роб на оние другите.

Секогаш јас доаѓав на второ место, секогаш јас се жртвував за сè, секогаш јас бев оној кој страда додека другите „удираа камшици“ на мој грб.

И што ми вреди сега сето каење? Што ми вреди сето тоа сфаќање и сите тие грешки на кои сум ги отворил очите? Што со тоа сега?

Што е најтрагично, околу мене немаше никој, ниту за чаша вода, ниту да ме прегрне и да ми помогне во мојата борба, овој пат за мене, бев сам. Во таа ноќ додека дождот истураше јас бев сам, осамен како никогаш дотогаш.

Само јас и тагата. Знам ми се вртеше една мисла во главата. Посакував никогаш да не се родев, но за тоа беше некако доцна.

Си помислив ќе заспијам, утре е нов ден, можеби цигарите ќе ми одат подобро со утринското кафе или можеби магично мојот сив свет ќе тргне на подобро. Но, едно знаев. Дека додека сè уште дишам ќе се борам, но за себе, за мојата среќа, макар и нем и слеп.

Никогаш не е доцна да почнеш да живееш, за ништо не е срамота и ништо не боли повеќе од сфаќањето дека не си бил во право за многу работи. Но, сè се исправа, можеби не наеднаш, но постепено.

И додека сите заминаа, јас сфатив дека си сум доволен сам на себе и беше убаво за првпат да видам дека и јас вредам, без некој да ме потсети за тоа. И веднаш утрото доби нова смисла.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg