Симон де Бовоар - хероина на феминизмот: Борбата против прашината и нечистотијата никогаш не може да се добие

Симон де Бовоар е ќерка на правникот Жорж де Бовоар и младата Франсоаз Брасур. Родена на 9-ти јануари 1908 година во Париз како Симон Луси Ернестин Мари Бертранд де Бовоар.

simon-de-bovoar-heroina-na-feminizmot-borbata-protiv-prasinata-i-necistotijata-nikogas-ne-moze-da-se-dobie-01.jpg

Со потекло од добро семејство, но детство испреплетено со потиснати чувства поттикнати од неостварената желба на татко си за машки потомок, уште од рани години ќе биде упатена кон помислата и мотивот за креирањето на зборот, затоа што, како што мислела таа: низ него таа може да го открие својот идентитет. И затоа ќе сака да биде – позната писателка.

Француската писателка Симон де Бовоар, била хероина на феминизмот и робинка на љубовта. Господар на нејзиното срце, не бил никој друг освен писателот и филозоф Жан Пол Сартр, со кого имала љубовно-пријателски-колигејален однос.

Ви ги пренесуваме нејзините најпознати и најмудри мисли кои инспирираат и тераат на размислување...

1. Мажот е дефиниран како човечко суштество, а жената како женско; кога и да се однесува како човечко суштество, ја прогласуваат за имитација на мажот.

2. Малку нешта личат на Сизифовата работа како извршувањето на домашните обврски, со нивното бескрајно повторување: чистото брзо се валка, валканото се чисти, повторно и повторно, еден по друг ден. Домаќинката се заморува, всушност, не работејќи ништо, едноставо повторувајќи ја постоечката состојба... Јадење, спиење, чистење; годините повеќе не водат кон блаженство и рај, туку лежат поставени пред нив, идентични во сивило. Борбата против прашината и нечистотијата никогаш не може да се добие.

3. Секоја опсесија создава воена состојба; не постојат исклучоци.

4. Во својата суштина, хомосексуалноста е ограничувачка како и хетеросексуалноста. Идеалот би требало да биде способноста за љубов кон жената или мажот, кон двајцата, кон човечкото суштество, без чувство на страв, воздржување или обврска.

5. Самопознавањето не е гаранција за среќа, но е на страна на среќата и може да ни ја обезбеди храброста да се бориме за неа.

6. Кога еднаш ќе биде можно жената да љуби поради силата, а не поради слабоста, не за да побегне од себе, туку за да се пронајде, тогаш љубовта за неа ќе стане, како и за мажот, извор на живот, а не смртна опасност. Во меѓувреме, љубовта во својата најтрогателна форма претставува проклетство кое ја остава жената заробена во женската вселена, осакатена, неспособна за грижа за самата себе.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
Психолошки факти кои ќе ви разјаснат многу работи за нашето однесување Знаевте ли дека кога зборуваме странски јазик, настојуваме да си го менуваме кар...
Тврдеше дека принцезата Дијана е бремена од син му Доди: Факти за милијардерот Мохамед ал Фајед Се верува дека Мохамед ал Фајед ги запознал принцезата Дијана и син му Доди биде...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
10 факти за Сончевиот систем кои звучат нереално Просечната температура на Тритон – една од месечините на Нептун – изнесува -235 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg