Најмудрите мисли на Мерил Стрип: Верувам дека сите живееме три животи
Мерил Стрип една од најнаградуваните американски актерки. Досега трипати има освоено Оскар и за неа се зборува како за една од најголемите актерки на сите времиња.
65- годишната актерка има богато искуство и дела кои оставаат трага во оние кои ги гледаат. Меѓу најпознатите филмови може да се вбројат: „Часови“, „Ѓаволот носи прада“, „Во шумата“, „Челичната дама“...
Прочитајте дел од нејзините најмудри мисли:
1. „Најголемата лекција која ја научив во текот на мојата кариера е дека треба да ги прашувате луѓето колку заработуваат. Затоа што, мажите заработуваат повеќе од вас. И тоа е добро да се знае. Не е дозволено тоа да го прашате. Но, добро е да прашате.“
2. „Во 1975 година мислев дека сум грда, одвратна, ама реалноста е дека бев згодна!“
3. „Сите ја правиме таа иста грешка мислејќи дека нашата надворешност влијае на тоа колку сме достојни и вредни за љубов.“
4. „Актерите се многу посуетни од актерките. Постојано се гледаат во огледало.“
5. „Глумата не е преправање да сте некој друг. Поентата е во тоа да ја пронајдете сличноста во она кое делува потполно различно и потоа да се пронајдете во тоа.“
6. „Не откажувајте се.“
7. „Верувам дека сите живееме три животи – јавен, приватен и таен.“
8. „Ако имате мозок тогаш сте должни и да го користите.“
9. „Не морате да станете популарни. Единствено морате да ги направите родителите горди на вас.“
10. „Се сомневам во себе секојдневно.“