Помалку познати факти за кечапот

Кечапот е познат ароматичен додаток на храната, произведен од домати, сечкан зеленчук и зачини. Се користи во речиси секоја храна која можете да ја замислите, вклучувајќи ја и благата храна, како и пијалаците.

pomalku-poznati-fakti-za-kecapot-01.jpg

1. Иако денес како основа се користи доматот, не било секогаш така. Порано се правел од сардина, кромид, остриги, лимон или ореви.

2. Филипинците користат банани за кечапот да има поблаг вкус. 

3. Постојат различни варијанти на кечап - вкус на слива, круша, брусница, моркови, манго и јаболко.

4. Порано се користел за подготовка на пити и како сос за риба.

5. Во 1835-та година се сметал за лек и се продавал во вид на апчиња. Ова било идеја на др. Џон Кук Бенет, претседателот на медицинскиот оддел во Охајо. Тој сметал дека доматите можат да излечат болести како дијареа и жолтица. Но, повеќето од овие апчиња биле лажирани. Не се користеле домати, туку лаксативи по што производот од 1840-та година не се произведува.

6. Колку брзо може кечапот да истече од шишето? Според познатата компанија Хајнц (Heinz) кечапот тече 0.045 километри на час, односно околу 1.3 сантиметри во секунда.

7. Кечапот е чуден сос. Кисел е поради доматите и оцетот. Оваа киселост може да ви помогне евтино да ги исчистите и полирате своите метални објекти. Исто така може да го полира челикот. Може да се користи за чистење на сребрени чинии и челични мијалници. Но, внимавајте, може и да го уништи среброто, доколку премногу време е изложено на киселоста на кечапот.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 факти за Сончевиот систем кои звучат нереално Просечната температура на Тритон – една од месечините на Нептун – изнесува -235 ...
Забранети се големи роденденски забави – Факти за Таџикистан, една од најсиромашните земји во светот Во Таџикистан е забрането славење роденден со голема забава надвор од домот. Ист...
12 изреки во кои ќе се пронајдат сите родители кои биле на одмор со деца „Јавете им се на пријателите кои се вратиле од одмор со своите деца, едноставно ...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg