10 најмоќни цитати на сите времиња: „Успехот е сопнување од неуспех на неуспех, без да го изгубите ентузијазмот“

Сите ние понекогаш наоѓаме сила во она што некој многу одамна го кажал.

Top-10_najmokjni-citati-na-site-vreminja-Uspehot_e_sopnuvanje-neuspeh-na-neuspeh-bez-da-go-izgubite-entuzijazmot-01.jpg

За среќа, постоеле такви мудри и ментално силни личности кои кажале мисли кои денес не мотивираат, охрабруваат, бодрат и не тераат да размислиме.

Ова се 10-те најмоќни цитати кога ви недостасува мотивација:

„Пред да си пресудите себеси дека сте депресивен и дека немате самодоверба, осигурајте се дека всушност не сте опкружени со идиоти“. - Сигмунд Фројд

„Животот е навистина едноставен, но ние инсистираме да го направиме комплициран“ - Конфучиј

„Оној кој стравува дека ќе страда, тој страда повеќе затоа што го трпи тој страв.“ - Мишел де Монтењ

„Предизвиците се оние кои го прават животот интересен и нивното надминување го прави животот да има смисла.“ - Џошуа Џ. Марин

„Успехот е сопнување од неуспех на неуспех, без да го изгубите ентузијазмот“ - Винстон Черчил

„Многу луѓе не слушаат со намера да разберат. Слушаат за да возвратат.“ - Стефан Кови

„Ако сакате среќа за еден час – одморете се. Ако сакате среќа за еден ден – риболовете. Ако сакате среќа за една година – наследете богатство. Ако сакате среќа за цел живот – помогнете некому.“ - Кинеска поговорка

„Ако нешто не ви се допаѓа сменете го. Ако не можете да го смените, сменете го начинот на кој размислувате за него“ - Мери Енглбраит

„Животот поминат во правење грешки не е само почесен, туку и покорисен отколку да потрошиш цел еден живот не правејќи ништо.“ - Коразон Акино

„Единствениот начин да живееме е да пораснеме. Единствениот начин да пораснеме е да се смениме. За да се смениме треба да учиме. За да учиме треба да се изложуваме. За да се изложиме на нешто мора да бидеме отворени.“ - Б. Џојбел

Би можело да ве интересира:

Нема завршено средно, ќе донира пола од богатството: Кој е милијардерот што отиде на првата приватна... Во четвртокот (12.09) милијардерот Џаред Исакман стана првиот човек кој отишол н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Психолошки факти кои ќе ви разјаснат многу работи за нашето однесување Знаевте ли дека кога зборуваме странски јазик, настојуваме да си го менуваме кар...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Луѓето емитуваат светлина и уште 6 забавни факти за човечкото тело Во текот на денот, поради влијанието на гравитацијата, 'рбетниот столб малку се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg